ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Близнаци
    Близнаци

    Близнаци

    twins

    Близнаците и начинот на комуникација

    Во голем број на случаеви, близнаците за разлика од своите врсници почнуваат со говор малку подоцна. Многу истражувања потврдуваат дека близнаците за разлика од нивните врсници подоцна проговоруваат, посебно доколку се работи за близнаци кои се предвремено родени или пак се родени со мала тежина. Освен тоа, најчесто родителите на близнаци имаат помалку време да се посветат на секое дете поединечно. Поточно, помалку разговараат со нив наместо кога би имале едно дете па и тоа може да биде причина за послаб развој на говорот. Меѓутоа, тоа не мора да биде правило за сите близнаци.
    Говорот на близнаците најчесто е помалку разбирлив и течен од говорот на едно дете. Близнаците понекогаш можат да заостанат во развојот на говор од своите врсници дури и до две години, иако интелектуално се на исто ниво. Така, петгодишни близнаци некои зборови ги изговараат како да имаат три години, а осмогодишни близнаци креираат реченици како шестогодишни деца.
    Тие разлики би требало потполно да исчезнат околу десеттата година од својот живот. Многу стручни лица сметаат дека една од главните причини е што родителите не внесуваат многу дијалог во секојдневната комуникација со секое дете поединечно, туку им се обраќаат како да се едно. Освен тоа, близнаците меѓусебно често знаат да се натпреваруваат за да привлечат внимание на повозрасните, пробуваат да бидат гласни и да бидат слушнати, па затоа зборуваат брзо и неспретно.
    Околу 40 % од близнаците во втората година од животот, во период кога децата инаку почнуваат да говорат, развиваат свој јазик кој само тие си го разбираат. Во науката, овој феномент е познат како “јазик на близнаци”, а стручно се нарекува идиоглосија, криптофазија или автономен говор. Близнаците изговараат зборови неправилнно, па затоа често измислуваат нови зборови со кои меѓусебно се разбираат одлично.
    Ова, подоцна е често причина за нивните слаби говорни способности, иако тие без проблем ги разбираат останатите. Близнаците сами од себе престануваат да разговараат свој јазик во третата година од нивниот живот. Доколку продолжат и понатаму да разговараат на свој јазик и да се изолираат, посоветувајте се со логопед.
    Еден од фактите е дека еден од близнаците секогаш има подобар говор од другиот. Најчесто, тоа зависи од доминантноста на самото дете, па затоа на себе си доделува улога на “дрвен адвокат” и одговара на прашања за двајцата.
    Другиот близнак, таа поделеност на улоги одлично ја прифаќа и му одговара од причина што знае дека неговиот/неговата брат/сестра ќе каже се што мисли и знае и во негово/нејзино име. Молчаливиот близнак, од друга страна е по снаодлив од другиот, најчесто има поразвиена моторика.
    Најважно е од се е, на секој од близнаците да им се посвети доволно внимание односно, неколку пати дневно да се разговара со секој од нив одвоено. Секој родител би требало да најде доволно време и прилика да се посвети поединечно, бидејќи близнаците и не мора се да прават во исто време. На овој начин мајката би можела да се посвети само на едно дете додека го пресоблекува, а таткото за тоа време да чисти заби со другото дете.
    Колку можете, посветувајте внимание и зборувајте со своите близнаци, и очекувајте да ви одговорат на ист начин. Во моменти кога играте заедно или пак работите нешто заедно, не им се обраќајте како целина на пр. “Што правевте” или “Донеси ми ја коцката” туку секој пат тоа обраќање правете го поединечно.

    Колку можете, посветувајте внимание и зборувајте со своите близнаци, и очекувајте да ви одговорат на ист начин. Во моменти кога играте заедно или пак работите нешто заедно, не им се обраќајте како целина на пр. “Што правевте” или “Донеси ми ја коцката” туку секој пат тоа обраќање правете го поединечно.