• Нема производи во кошничката.
a
  >  Практични Мајки   >  Вашите омилени вежби
Вашите омилени вежби

Вашите омилени вежби

Доколку ги тргнеме на страна среќничките на кои природата им подарила слаб апетит, брз метаболизам и кои после пороѓај изгледаат витко и тенко, голем број на мајки линијата ќе успеат да ја вратат после неколку месеци или година.

Доколку вишокот на килограми не е алармантен, не го отежнува секојдневието и не го загорчува здравјето, нема причина да се брза со слабеење, но тоа не значи дека треба да заборавиме на вежбање. Не се неопходни теретаните, нити пак посебна опрема , скапи реквизити кога покрај себе го имате најслаткиот тег, своето бебе. Секој ден одвојте по 15 до 20 минути, додека е бебето сито, суво и наспано и направете ги следниве 4 едноставни вежби.

Полусклекови, пратени со најслатки бакнежи.
polusklek

Ставете го бебето да лежи на грб на постелката, завземете положба како на сликата, ослонете се на колена и полека, повлекувајте ги рацете накај лактовите и спуштете се на под. Полусклековите се слични на класичните склекови, но се многу полесни бидејќи се наслонувате на своите колена. Секој пат кога ќе се спуштите до вашето бебе, бакнете го во образ, чело или главче.

 

Подигнување на колкови со најнежниот “teg”
колкови

Легнете на грб, ставете го бебето да седи на вашиот стомак и цврсто држете го за раце. Нозете свиткајте ги за скоро 90 степени, па потоа полека подигнувајте ги и спуштајте ги вашите колкови на под. Иако би било идеално оваа вежба да ја направите во две серии по 10 повторувања, не се обесхрабрувајте доколку не успеете, направете онолку пати колку што чувствувате дека можете. Како ќе поминува времето, ќе стекнете кондиција и ќе можете да ја исполните вашата мисија.

Зајакнете ги вашите стомачни мускули и летајте со вашето дете.
стомачни

Легнете на грб, ставете го бебето да лежи на вашите споени потколеници и цврсто држете го за раце, вашето дете. Главата и вратот подигнете ги од подот, нозете свиткајте ги како на сликата, па потоа “летнете” со вашето дете. Доколку имате енергија и сила и немате изгубено здив, слободно имитирајте го звукот на авион или хеликоптер, а можете и да потпевнете некоја пригодна песна. Вежбата можете да ја правите се додека не почувствувате болка во вашите нозе или пак доколку бебето не почне да се буни.

 

Истегнување и затегнување во вашето најдобро друштво
истегнување

Седнете на под, раширете ги нозете најмногу што можете, додека не почувствувате затегнување во вашите препони. Потоа левата нога повлечете ја под десната, како на сликата. Полека почнете да се клацкате нагоре и надолу. Кога ќе направите доволно повторувања, променете ја страната.

Испружете ја левата нова, десната повлечете ја , бебето придржувајте го со левата рака, десната испружете ја покрај главата, па потоа навалете се колку можете повеќе на левата страна.