ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  Веќе во првата минута од животот бебето добива оценка, а еве кој е заслужен за тоа!
    Веќе во првата минута од животот бебето добива оценка

    Веќе во првата минута од животот бебето добива оценка, а еве кој е заслужен за тоа!

    Вирџинија Апгар била докторка која многу ќе ја паметат по градењето на темелите на неонатологијата. Таа била позната по откривањето на Апгар тестот кој служи за проценка на виталностите на новороденчето.
    Вирџинија исто така е една од иницијаторите за примена на анастезија во процесот на породување. Таа осмислила тест со што ќе знаеме се за здравствената ситуација на бебето, непосредно по неговото раѓање. Доколку постои потреба, на детето веднаш му се пружа медицинска нега.
    Ситуацијата на бебето се прави во првите 5 минути од неговиот живот, иако понекогаш може да се оценува и во десеттата минута , посебно доколку првите две оценки се ниски.
    Апгар е збир на оцени од пет параметри: боја на кожата, срцева работа, дишење, мускулен тонус и одговор на стимулација. Секое од овие параметри се оценува со оценка од 0-2, па најдобар можен збир од сите оцени е бројот 10, а најлош 0.