Есента вкусна како никогаш до сега – Палачинки со тиква!
Палачинки со тиква
Уживајте во богатиот вкус на тиквата, во комбинација на путер и мед во есенските и зимски денови кои следат.
Потребно е:
– Една цела и ¼ брашно
– Две лажици шеќер
– Две лажици прашок за пециво
– Половина лажичка цимет, мелен ѓумбир и сол
– Малку ораси
– Прстофат на каранфилче
– 1,5 шоља млеко
– Шест лажици пасирана тиква (претходно треба да се вари на пареа 15 минути)
– Две лажици топен путер
– Едно јајце
– Малку мед (по вкус)
Припрема
1. Загрејте тава на средна температура. Оставете путерот да се растопи и разлие по тавата
2. Соединете го брашното, прашокот за пециво, шеќер и зачините.
3. Во посебна чинија измешајте млеко, лажица тиква, стопен путер и јајце, а потоа додадете брашно кое претходно сте го помешале со останатите прашкасти состојки
4. Во загреана тава за секоја палачинка додајте пола шоља тесто
5. Печете од двете страни палачинки по 2 до 3 минути, поточно, додека не добие златно-кафеава боја
Совет: Послужете со путер и мед.