ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  Запознајте го најмалото бебе на светот!
    Запознајте го најмалото бебе на светот!

    Запознајте го најмалото бебе на светот!

    Емилија е тешка само 225 грама, погледнете ги тие ноџиња!

    Емилија Грабарчик е најмало роденото бебе на светото кое преживеало. Имала само 22cm и 225gr. Кога дошла на свет. Докторите ја викале “малиот борец”. Кога се родила , стопалото на Емилија било со големина на нокт од палец, пишуваат Daily Mail. Сепак таа ги победила сите очекувања и девет месеци подоцна почнала да напредува со “крупи чекори”. Родителите на Емилија, Лукас и Сабина, заедно со професорот Др. Свен Шемајеров, морале да донесат тешка одлука за бременоста на сабина во 26та недела од бременоста. Всушност, бебето не примало прехрана поради проблеми со постелката и сигурно би умрела во стомакот на мајката.

    Лукас и Сабина потпишале дозвола за обавување на царски рез, со желба да се случи чудо и нивната ќерка да преживее.
    Во таа недела од развојот, најчесто достигнува тежина од 600gr, но Емилија поради проблемите при раѓањето многу ја намалила својата тежина. Било големо прашање дали ќе преживее.
    Вистинско чудо е што Емилија успеала. Ништо не би излегло на добро без нејзината добра воља и сила, но со неа се бореле и педијатри, гинеколози и детски хирурзи-вели Др. Гарави, шеф на Детската клиника во болницата Санта Мери во Германија.
    Со само 340gr. Бебето имало операција на стомакот, но и тоа го преживеала. Хранењето е преку исклучително мало цевче, а сестрите и го освежувале телото со помош на вати замотани во засладена вода, која ги опуштала и ги намалувала нејзините болки.
    Докторите се согласиле да и го дадат надимакот “Малиот борец”.
    Првите 6 месеци било многу тешко, но тогаш Емилија почнала да се развива. Сега има 3.200gr. и личи на право новороденче.
    Поголеми деца од неа многу често не успевале, па живеевме во страв и солзи. Олигледно Емилија сакала да остане со нас – велат пресреќните родители.