ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  За Кохлеарен имплант со М-р Ивана Урдаревиќ логопед, специјален едукатор и рехабилитатор

    За Кохлеарен имплант со М-р Ивана Урдаревиќ логопед, специјален едукатор и рехабилитатор

    Кохлеарниот имплант е медицинска можност за лицата со тежок и потполн сензонеурален губиток на слухот. Имплантот успешно го користат и прелингвално и постлингвално глувите деца и возрасни.  Кохлеарниот имплант функционира така што електронски ги стимулира сетилните станици со влакненца во кохлеата. Се состои од два главни дела:

    Внатрешен (хируршки имплантиран под кожата ) во негов состав влегува куќиште кое ја содржи електрониката, електродна низа и референцијални електроди.

    И надворешен дел ( што се носи зад уво ) е говорен процесор. Говорниот процесор се состои од контролна единица ( микрофон, контрола на глас и осетливост ), батериска кутија и калем со жица – конектор.

    Кохлеарниот имплант ги преобразува секојдневните звуци во кодирани електрични импулси. Тие електрични импулси го стимулираат слушниот нерв, а мозокот ги интерпретира како звук. Со тоа дека мозокот ги прима звучните информации многу брзо, звуците се слушаат истовремено уште при појавувањето.

    Се препорачува кохлеарната имплантација да се изведе во што е можно порана животна возраст, знаејќи дека слухот е важен елемент за развојот на говорот.  Истражувањата покажале подобри резултати кај рано имплантирани деца. Постарите деца и возрасните подобро го користат имплантот доколку говорот и јазикот ги развиле пред имплантацијата.

    Кохлеарен имплант тим – Кохлеарната имплантација се изведува во специјализирани кохлеарно имплант центри.

    Во кохлеарно имплант тимовите се вклучени следниве стручни кадри:

    *аудиолози

    *ОРЛ специјалисти и хирурзи

    *логопеди

    *дефектолози

    *психолози

    *социјални работници

    После извршената кохлеарна имплантација се пристапува кон фитинг ( програмирање на говорниот процесор ). Овој говорен процес познат како “мапа”содржи подесување за висината на тонот, гласноста и времето. Програмите се приспособуваат според одредени потреби на пациентот во текот на подесувањето  на говорниот процесор ( фитинг). Говорниот процесор се програмира 3 до 6 недели после извршената операција и индивидуално е подесен за секој корисник. Програмата се подесува по потреба во текот на наредните клинички средби. Корисниците на кохлеарниот имплант треба редовно да ја посетуваат клиниката поради репрограмирање на говорниот процесор, со што корисникот би можел да има најдобра полза од имплантот.

    Редовната логопедска терапија  е многу важен сегмент  за успехот од имплантацијата и неопходен предуслов кај имплантираните деца. Потребен е постојан контакт и со едукатори квалификувани за работа со лица со оштетен слух.

    И  покрај едноставноста за користење, кохлеарниот имплант потребно е:

    –      Да го заштитиме од влажност и течности

    –      Да го заштитиме од радиобранови ( мобилните телефони )

    –      Контактни спортови што можат да доведат до повреди на главата, не се препорачуваат итн.