Иновативност во македонското здравство!
“Медицински кловнови” на Клиниката за детски болести!
Специјално обучени медицински лица ќе ја подобруваат психолошката состојба на тешко болните хоспитализирани лица, со фокус на Клиниката на детски болести.
Станува збор за спроведување на проект “Медицински кловнови” каде 26 медицински лица вработени во неколку клиники завршиле обука и во текот на вчерашниот ден добија сертификати во Медицинскиот симулациски центар.
Министерот за Здравство, Венко Филипче, истакна дека ова е еден сегмент во лекувањето, кој кај нас подолго време наназад е запоставуван, а секаде во развиените земји многу значи, бидејќи сериозно придонесува во надминувањето на најтешките болести.
Психолошката поддршка посебно кај децата на еден ваков начин преку забава, многу лесно им го олесува процесот на лечење, примањето на тешки терапии и боцкањето. Ваквата поддршка треба да им помогне да ги надминат тешките болести.
Фондацијата Проект Хоуп, на Израелската амбасада, организацијата „Дрим докторс“ и Израелската агенцијата за интернационална соработка Маshav, се оние под чие покровителство е проектот, а истиот е инициран од израелскиот амбасадор.
Браво за ваквите хумани и иновативни чекори превземени во македонското здравство! Нека се множат!