
Какви типови на мајки постојат
Влијанието на децата врз основа на тип во кој припаѓа вашата мајка.
Перфекционист, непредвидлива, најдобра пријателка, мајката на прво место и идеална мајка. Прочитајте го нивниот опис и проверете каков тип е вашата мајка и какво влијание имало тоа врз вас за она што сте и какви сте денес.
Перфекционист
Ова е претерано контролирана, анкциозна жена која е полна со стравови. Нејзините деца се често со нагласена самокритичност, често се чувствуваат неспособни и емоционално празни.
Деца на мајка перфекционист
Имате силно чувсто на припадност во врските, одговорни сте и посветени во се што правите. Ја цените напорната работа и упорност и тоа се вашите главни карактерни особини. Туѓото мислење влијае многу врз вас и често му давате поголема предност отколку на она што вие го мислите. Сте обземени од чувство дека другите постојано ве набљудуваат и пресудуваат за вас.
Непредвидлива мајка
Лута, претерано емоционална, мајка која е преплавена со своите чувства, така што нејзиниот родителски пристап зависи исклучиво од нејзиното расположение. Ова е најхаотичниот тип на мајка. Таа креира проблеми и кога тие не постојат како на емоционален план така и во своите односи, потоа истите проблеми ги пренесува и на своите деца.
Деца на непредвидлива мајка
Доколку сте имале ваква мајка, веројатно сте добри во комуникација со луѓето и сте многу емпатични. Знаете да ги мотивирате останатите луѓе околу вас и често давате емотивна поддршка на колегите на работа, пријателите и во семејството. Со оглед на тоа дека сте пораснале во средина каде сте требале да се грижите за другите луѓе и нивните емоционални потреби, има можност често да бидете полни со лутина или депресија. Вие сте научиле да ги читате човечките ситуации, а тоа ви помага да се носите со длабоки емоции.
Мајката како најдобра пријателка
Оваа мајка, во комуникацијата со своите деца сака рамноправност со што би се избегнала одговорноста да се поставуваат граници. Оваа мајка има став дека доколку почне да се препушта на мајчинството нејзиниот живот ќе заврши и затоа психолошки гледа максимално да го избегне изигнорира чувство на мајка. Нејзината комуникација ја сведува на “најдобра пријателка” и партнер, со што креира ситуација каде што детето се чувствува како да нема мајка.
Деца на мајки, најдобри пријатели.
Ја разбирате важноста за границата помеѓу родители, деца, колеги и роднини. Со оглед на тоа дека сте растеле во отсуство на чувство дека имате мајка, често сами го превземате водството и одговорноста како созреана личност. Има можност да се чувствувате емоционално занемарени и да имате страв од одбивање. Голема е веројатноста да се чувствувате огорчени во вашите врски и да не му давате доволно значење и доволно внимание на вашиот партнер. Често се чувствувате недоволно сакани или потценети.
Мајката на прво место
Ова е еден од најчестите стилови на мајчинство, а мајките кои секогаш се ставаат себеси на прво место, нити се способни да го погледнат своето дете како засебна личност и често се затворени во себе и несигурни. Децата од рана возраст, растат со мислата дека нивната задача е да помогнат на својата мајка да заблесне во полн сјај.
Деца на мајка која себеси се става на прво место
Доколку сте пораснале со ваков тип на мајка, одлични сте во давање на поддршка, интиутивни сте и имате длабоко разбирање за останатите луѓе. Одлично се снаоѓате во различни средини и типови на комуникација. Лојални сте и ги почитувате желбите на другите луѓе но сте многу вешти и во решавање на туѓите проблеми. Од друга страна пак се сомневате во својата способност за носење одлуки. Тешко ви е да поверувате во сопствените чувства затоа што сте научени дека мислењето на вашата мајка е секогаш поважно и најдобро.
Идеална мајка
Ваквата идеална мајка ја имаат само 10 проценти од децата. Оваа мајка е комбинација од сите четири стила. Емоционална е и урамнотежена, ги гледа своите деца како засебни личности и им помага во остварување на својата независност. Таа сама по себе не смета дека е совршена, иако тоа и е, независно од емоционалните околности, посветено мајчинство, без разлика на сите одговорности кои ги има и надвор од својот дом.
Деца на идеална мајка.
Со оглед на тоа дека сте пораснале со чувство дека вашата мајка знае да сака но и да ве разбере, спремни сте на ризици, отворени за промени и влегувате во односи со останатите луѓе без страв да бидете отфрлени. Имате способност да гледате и да ги прифатите останатите луѓе, колеги и членови на семејството кои се поразлични од вас. Спремни сте на предизвици во кои постои независност и не сте емотивно испреплетени со својата мајка.