Направете сув аквариум
Празна кутија од корнфлекс или бисквити со уште неколку додатоци кои сигурно ќе ги најдете меѓу детските играчки може брзо да се претворат во мини аквариум со шарени риби.
Спремете ги ножиците, лепило, колаж хартија во различни бои, каменчиња, школки, глина или сив пластелин, потенок картон, скалпел, конец за шиење.
Со скалпел или ножица внимателно искројте го предниот дел од кутијата оставајќи рамка од околу 2 см. Потоа аквариумот обложете го со колаж за хартија, на внатрешниот ѕид залепете плав лист, а на дното ставете ги каменчињата. Од глина или пластелин, направете имитација на морското дно покрај внатрешниот раб на кутијата, па потоа залепете ги школките.
Направете морска трева од зелени цевки или тенок картон.
Сега, рибите доаѓаат во ред.
Нацртајте неколку риби на потенок картон, исечете ги и обојте ги по ваша желба.
На секоја риба залепете конец со салотејп на внатрешна страна што нема да се гледа, а потоа другата страна на конецот залепете го на врвот од кутијата од внатрешната страна. Овој шарени аквариум сигурно ќе ја развесели детската или дневната соба.