ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  Најдобрите совети кои треба да ги добие секоја трудница
    Најдобрите совети кои треба да ги добие секоја трудница

    Најдобрите совети кои треба да ги добие секоја трудница

    НЕМОЈ тоа да го правиш! Треба вака, онака! Јас тоа би го направила вака….

    Од самиот почеток на бременоста ќе се соочите со многу мудрости кои вам ќе ви ги трошат живците. Но, ќе добиете и совети од трудници и жени кои проживеале и искулите слични маки како вас во текот на бременоста. Некои од работите што ќе ви ги кажат ќе бидат охрабрувачки, други застрашувачки, а некои добро ќе ве насмеат.

    Постојат успони и падови

    Иако на почетокот ќе бидете по малку збунети, од ден на ден ќе ви се менува вашето расположение и чувствa. Еден ден ќе се чувствувате полни со енергија и се ќе ви се чини како бајка, другиот ден ќе имате чувство дека сте најружна и потполно беспомошна трудница која сака да го преспие целиот ден. Тоа е сосема нормално. Губењето на тежина во почетокот на бременоста најчесто ги загрижува жените, но се појавува скоро кај секоја трудница кои проаѓа низ мачнини.

    Сексуалниот живот ќе ви се промени и тоа е сосема нормално

    Не се нервирајте доколку сексуалниот живот е поинаков и сиромашен. На сите жени, сексот во бременоста многу често е неугоден и е сосема во ред да сакате да апстинирате одреден временски период.

    Искористете ја трудничката “магија”

    Со негативните симптоми како што се акни, подуеност, запек и мачнина, тука е многу познатиот “труднички мозок“.
    Често ќе заборавите на работите и составувањето на премногу реченици ќе ви изгледа како предизвик. Тоа не мора да биде лошо, ако нешто сте заборавиле, секогаш може да се оправдате. Но и смеете без грам срам, да ја јадете својата омилена храна.

    Научете да слушате и игнорирате бескорисне совети

    Ако сте свесни дека некои совети се лоши и потполно некорисни, не значи дека веднаш морате да вратите со оправдани аргументи. Пробајте да игнорирате. Ќе заштедите време и живци, а нема да ја навредите другата страна. Климањето на глава и насмевката се најмалку болни реакции.

    Ако ви сметаат допирите на стомак, слободно кажете го тоа.

    Некои трудници навистина уживаат во тоа пријатели и семејството да го милуваат стомакот и да чекаат на бебешкото движење. Но доколку не сте една од тие мајки, не се срамете тоа да го кажете. Тоа е ваше тело и единствено вие можете да одлучите за тоа.

    Мора да научите да го сакате своето тело.

    Понекогаш ќе ви се чини дека трудничкиот стомак секое утро повторно ќе ве изненади. Жените најчесто се фрустрираат, но само до моментот додека не го почувствуваат првиот бебешки удар. Тогаш стануваат свесни дека нивното тело всушност е навистина совршено, како што и треба да биде.

    Постојат голем број на заблуди во бременоста
    1. Утринските мачнини всушност не се утрински. Ако не сте од тие среќници што ќе ги заобиколат, многу често ќе приметите дека всушност и мачнините се и утрински и вечерни и можат да се појават во било кое време во текот на денот.
    2. Царски рез воопшто не е безболем и брз како што сте замислиле или како што ви раскажувале. Процесот на заздравување трае многу подолго за разлика од вагиналното породување.
    3. Доењето е многу потешко отколку што мислите, но само првите неколку денови. После тоа ќе уживате, само немојте веднаш да се откажете

    Бидете креативни во облекувањето

    Купувањето на многу трудничка облека е всушност фрлање на пари. Размислете мудро и купувајте работи кои можете да ги комбинирате и кои ќе можете да ги носите и по бременоста. Пробајте да одберете облека со поголем број, веројатно ќе биде многу поевтина од слични маички кои се предвидени за трудници. Хаљините се исто така одличен избор. Оние памучни кои се прилагодуваат на вашето тело, а воедно ќе бидат угодни за кожата.

    Документирајте го стомакот како расте

    И не, не го правете ова поради друштвените мрежи, правете го за своја приватна колекција. За некоја година тие слики ќе ви бидат убав спомен.

    Мала промена прави голема разлика

    Само половина час шетање дневно или пак секој пат кога ќе посакате чоколада изедете орешести плодови и овошје, ќе направите многу како за своето тело така и за бебето. Освен тоа, вистинскиот избор на активности и храната ќе ви ја врати енергијата.

    За време на породувањето игнорирајте се освен вас и вашето бебе

    Кога ќе влезете во породилна сала, се што треба да направите е да мислите на вас и вашето бебе. Не се замарајте со тоа како е денес бабицата расположена и со кој тон докторот ви се обраќа. Звездата на денот сте вие и вашето бебе, па според тоа игнорирајте се што искуството на породување може да ви го направи помалку убаво.