Оброци за мирен сон за деца од 6 месеци до 3 години
Инспирација и совети!
Помеѓу 18:00 и 19:00 часот, на бебињата до 1 година, можете да им понудите некоја житно-млечна комбинација со овошје и зеленчук, а за деца кои се јасли, може вечерата да биде оброк кој ќе го има семејниот вкус и воведување на правилна исхрана, но да се внимава да не се оптеретува малечкиот стомак.
Во период помеѓу 17та и 26та недела од бебешкиот живот, според препораките на педијатрите, се воведување на не-млечни намирници во исхраната на детето. Традиционално се започнува со воведување на житарица, како и првите не-млечни производи.
Прво се препорачува да се внесат житарици без глутен: ориз или пченкарни инстант снегулки, кафеав ориз (пасиран), хељда, просо, а подоцна (после 8миот месец од староста на детето), пченица, зоб и р’ж, поради многуте алергени кои ги содржат .
По правилното воведување на житарици (во утринските часови, мала количина која секојдневно се зголемува од некоја нова намирница), таа пружа одлична можност која се комбинира во раните вечерни оброци на детето (помеѓу 18:00 и 19:00). Исто така, поради содржината на житариците кој поволно делуваат на варењето на храната на детето, а поради сложената содржина на јагленохидратите кои поспоро се разградуваат, ќе се создаде подолга ситост.
Последниот оброк пред спиење, како и во текот на ноќта е мајчиното млеко и млечната формула. Ако детето во текот на ноќта бара течност, најдобро е да му се понуди обична вода. Во текот на ноќта избегнувајте сокови и чаеви поради можност од развивање на кариес. Количината на храна и течности прилагодете ја според потребите на детето.
Рецепти за деца од 6-8 месеци
Снегулки со млеко: Во 150-280ml мајчино млеко или претходо подготвена млечна формура измешајте 3-4 лажици оризови или пченкарни снегулки.
Пасиран кафен ориз: Кафеавиот ориз сварете го во обична вода и потоа испасирајте го. Измешајте го мајчиното млеко или пак претходно припремете млечна формула. Според желбата можете да додадете една лажица од свежо овошје или пак сварен пасиран зеленчук.
Лажица со јаболкa: Во 150-180ml мајчино млеко или пак млечна формула ставете 3-4 големи лажици оризови снегулки. Додајте една изрендана јаболка, направете каша.
Истото ова можете да го направите со тиквица наместо јаболко.
Рецепти за деца од 8 до 12 месеци
Гриз: Пченичен гриз сварете го во обична вода. Ставете мајчино млеко или претходно припремете млечна формула. Според желба можете да додадете исецкани парчиња овошје или пак сварен зеленчук.
Оризови снегулки со кајсија: 2 лажици оризови снегулки и една лажица со иситнети суви кајсии прелијте ги со 30ml врела вода. Почекајте да омекнат и додадете 100ml мајчино млеко или претходно припремена млечна формула.
Оризови снегулки со сливи: 4 лажици со оризови снегулки промешајте ги со 150ml мајчино млеко или пак претходно припремена млечна формула. Додадете две иситнети сливи.
Истото ова можете да го направите и со банана, наместо сливи.
Палента со кисело млеко: 100гр. Сварена пченкарна палетна, прелијте ја со една шолја кисело млеко.
Кришка леб со намaз: една кришка од ‘ржан леб премачкајте ја со млечен намаз, а прку него изрендајте морков.
Вечера како семеен оброк
Децата на вработени родители од 1 до 3 година, поголемиот дел од денот детето проаѓа во јасли каде им е осигуран 3-4 пати дневен оброк (доручек, ручек, ужина)
Вечерата е оброк кои настојувајте да се припреми во домот и детето да го конзумира со останатите членови од семејството. Тоа мора да биде еден оброк во денот во кој сите во домот можат да го јадат заедно. Тешко е по целодневната трка и недостатокот на време да се смисли што ќе се понуди за вечера. Затоа ви предлагаме квалитетна и хранлива храна за сите во семејството, а не само за детето. Вечерата нека биде оброк со кој семејството ќе се навикне на семејниот вкус но и креирање на прехрамбени навики. Но, исто така,вечерата не треба да го оптеретува детскиот мал стомак. Затоа, вечерате советуваме да се конзумира минимум 2 часа пред спиење.
Рецепти за деца од 1 до 3 години
Препечена палента: Пченкарна (палента), сварете ја, оладете ја, исечете ја на парчиња и препречете ја. На секое парче палента додадете ½ лажица млечен намаз, изрендајте морков или исецкајте босилек.
Ориз во млеко: Сварете го оризот во млеко. Според желба зачинете со валина, црно чоколадо или пак какао со цимет.
Просо со спанаќ: Сварете го просото пред крај на варењето и додадете спанаќ и варете до крај. На маслиново масло пропржете ½ половина кромид и додадете го просото со спанаќ. Посолете и ставете бибер, а потоа добро промешајте.
Интегрален тост: Препечен интегрален тост со неколку капки маслиново масло. Додадете изрендана шунка и сирење и свежа пиперка.
Јогурт со овошје: Во јогурт измешајте јаболка исечена на парчиња, ситни суви сливи и брусница.
Ослич со блитва и компир: Згответе го осличот, зачинете со маслиново масло и неколки капки лимон. Сервирајте со блитва и компир зачинети според навиките.
Јајца со додатоци: Тврдо сварено јајце, печено “на око”, кајгана со додаток на зеленчук (кромид, домат, пиперка, спанаќ) или сирење и шунка.
Топла супа: Супа од домати, супа од печурки, пилешка супа.