• Нема производи во кошничката.
a
  >  Трудници   >  Од стерилитет до бременост по природен пат
Од стерилитет до бременост по природен пат

Од стерилитет до бременост по природен пат

Што се однесува до “трнливиот пат”, на почеток ќе бидам кратка иако тој пат е долг и болен и секако се проаѓа на свој начин. Единствена работа за која бев сигурна дека ја имам, беше одлучноста.
Кога ќе видите дека после одредено време не се случува ништо, мора цврсто да одлучите дали сте спремни да одите понатаму. Јас бев спремна до крај, а тоа значеше да ги направам за почеток сите можни анализи. Планирав да заминам за странство каде има болници за сурогат мајки, доколку тоа што го правам не помогне. Размислував и за посвојување па дури и во одредени моменти со сопругот да се разделиме. Буквално се паѓаше на памет!
Опкружувањето е најстрашно. Погледи, па коментари, па сите трудници околу тебе и на крај сожалување. Многу е тешко, но јас во својата глава “копчето го притиснав на off (игнорирање на околината) и продолжив со својот план.
Многу е важно да се најде доктор кои брзо ќе ве води низ целиот процес, кој ќе можеш да го прашуваш за се што те интересира и некој кој ќе те слуша. Ние тоа на почетокот не го имавме, но за среќа го најдовме докторот, кој ни помогна во сите ситуации во кои се затекнавме. Посебно што нашите резултати беа добри.
Процедурата за парови со стерилитет е да пробувате две години да добиете дете. Но, по првата година, ако ништо не се случува, можете да ги направите сите потребни анализи, вие и вашиот сопруг. Да проверите крвна слика, RH фактори (дали се исти – ако едниот е Rh негативен а другиот позитивен, докторот тоа мора да го знае, или пак доколку двајцата сте негатив, тоа е посебна процедура).
Брисевите се важни и потребно да ги направите двајцата. Јас сето тоа го пројдов, па правев инсеминација и неколку пати HSG. Пред вонтелесно оплодување, велеа дека е позитивно влијание имало доколку се направи хистероскопија, јас и тоа го направив но повторно немаше никаков резултат.
Со саати поминував на компјутер, истражував се што е поврзано со оваа тема. Сешто слушнав од луѓе кои имале сличен проблем, на телевизија, по весниците, а што ми било глупаво директно да го прашам докторот.
За на крај да останам, сосема природно трудна!
Имајте верба и знам дека ви е преку глава од она “не си ја оптеретувај главата, опушти се” затоа ќе го претскокнам тој момент бидејќи “опуштањето” ќе го направите кога вистински ќе го почувствувате тоа.
Слушајте го своето тело и радувајте се на животот. Чуда се случуваат!