ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  Отворено писмо на мајка, посветено на сите татковци!
    Отворено писмо на мајка

    Отворено писмо на мајка, посветено на сите татковци!

    Го користиш мозокот, имаш дури и време за размислување и најважно, имаш слобода. За тоа време, неколку километри понатаму, твојата друга половина шета низ куќата како зомби откако отспала цели два часа во текот на ноќта.
    Британката Никол Бон, одлучила преку отворено писмо да се обрати до сите мажи кои немаат разбирање за се она што нивната поубава половина го прави во текот на денот.
    Оваа триесетгодишна мајка од Лондон, отворила блог по името “Мајката напаѓа” во која ги опишува секојдневните ситуации и случувања со кои се соочува во процесот на растење на својата четиринаесет месечна ќерка Попи.
    Еден текст го посветила на претерано ,,зафатените” татковци кои мислам дека нивната работа е да се биде презафатен, а со тоа да се оттргнат од обврската да сфатат како изгледа денот на нивната жена и одгледувањето на детето.
    “Драг тато кој не се мачиш со постпородилните килограми, како прво, ти честитам за новата животна улога. Бебето сигурно личи на тебе и сигурно си многу горд на тоа! Но на страна тоа. Време е јас и ти да направиме еден мал разговор!
    Се зборува дека не се појавуваш многу околу бебето. Говорат дека и во текот на ноќта носиш памукчиња на уши со што би станал одморен и очекуваш топла вечера кога ќе се вратиш од работа.
    Велат дека си изјавил дека мајката на твоето дете е на некој вид на годишен одмор кој е исполнет со гледање ТВ, шетање по продавници и пиење кафиња. Додека ти, од друга страна не стигнуваш да направиш ништо од дневните домашни обврски, бидејќи си презафатен со заработување за пелени.
    Епа, вака стојат работите: не само што не си во право, туку си и прилично себичен!
    Секое утро кога ќе се разбудиш после преспиените ноќи, веројатно стигнуваш да се истушираш и да доручкуваш, потоа влегуваш во својата кола и одиш на работа. Во текот на денот комуницираш со возрасни, стигнуваш да испиеш кафе и да ручаш. Го користиш мозокот, имаш дури и време за размислување и најважно, имаш и слобода.
    За тоа време, неколку километри подалеку од тебе, твојата друга половина шета низ куќата како зомби, откако спиела цели 2 часа во текот на ноќта. Сеуште не доручкувала, а испила дури две голтки чај, кој сега стои заборавен и ладен на столот. Всушност доела (повторно), бидејќи бебето се смирило и заспало, ќе проба да дотрча со купатило и да се истушира.
    Всушност ја шампонирала косата (прв пат после неколку дена), а потоа бебето почнало да плаче. Бидејќи не може да го игнорира плачењето, таа мокра излегува од каде што всушност трча да го утеши своето дете. Заборавила на туширање и остатокот од денот го поминува во продолжување на миење на косата која и е сеуште со сапуница од утрото.
    Конечно малечкото повторно заспало. Што попрво да направи? Има толку многу работи! Перење, чистење, продавница, ручек?
    Започнува со облакање – бидејќи сфаќа дека е замотана во пешкир со полумокра коса.
    Трча во соба да се облече, а на шпорет ставила вода и уште еднаш пробува да свари и испие чај. И во моментот кога тргнала да земе голтка, бебето заплакало. “Немој да плачеш, молим те, немој да плачеш”! Се моли во себе, но залудно, бебето повторно е будно. Што сега? Што му треба? Дали му е топло? Ладно? Не….чекај, го цица прстот, сигурно е гладно – повторно!
    Следниот еден час проаѓа во доење. Пресоблакање. Гледаш? Тешко е да се издржи, многу исцрпувачки и стресно, понекогаш дури и болно.
    По долгото хранење, бебето задремало. “Морам да јадам”, помисли и повторно пробува да се истушира, пред да почне повторно да плаче и бара нешто.
    Попладне, откако набрзина го изела корнфлексот, твојата жена излегува на кафе со другарките. Се кладам дека замислуваш жена која со смеење јаде колачи.
    Но таа всушност нема да има време дури ни да седи подолго, бидејќи многу брзо мора да се врати назад бидејќи вашето дете мора повторно да јаде. А на пат до кафето сменила пелена бидејќи тоа било причина за бебешкото плачење.
    Кога стигнала дома, го нахранила бебето и тоа повторно задремало, а тоа пробала да го направи и твојата жена. Но не може да заспие. Ја гризе совеста бидејќи толку многу има да сработи низ домот, а и сфаќа дека треба ти да се вратиш од работа и очекуваш топла вечера, а таа ништо не купила од намирници.
    Очигледно ги наведов само неколку од тешките страни на твојата поубава половина, намерно не ти опишав како изгледа мазењето со бебето, за да се сконцентрираш на претходно напишаното. Во секој случај се надевам дека ова писмо ќе ти помогне да разбереш дека твојата жена всушност проаѓа низ мал пекол и дека и е потребна ТВОЈА помош.
    Така што, кога ќе се вратиш од работа, можеш барем да помогнеш со малото бебе, а на неа да и предложиш да легне и да одмори. Можеби би можел дури и да и направиш вкусен здрав оброк и да и кажеш дека е неверојатна.
    И да, те молам вечерва не ги ставај памукчињата во уши и на детето да му промениш пелена кога ќе се разбуди во текот на ноќта.
    Благодарам на вниманието !