ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  Породување во домот
    Породување во домот

    Породување во домот

    Расте бројот на жени кои не сакаат да се породат во болница

    Многу жени наведуваат дека породувањето во својот дом им било многу попријатно искуство од тоа што го имале во болница. Освен тоа, постојат некои причини зошто поголемиот број на жени се одлучуваат бебето да го донесат на свет во опкружување на своите најблиски.
    Иако доминантното мислење е дека породувањето во домот не е добар за мајката и детето, се повеќе жени кои се одлучуваат за породување вон здравствени установи. Клучните причини а за таква одлука се воглавно културолошката природа, но се повеќе недовербата кон здравствените работници.
    Жените во некои делови од светот често,поради оддалеченост од здравствените установи и поради одредени културолошки причини, ги раѓаат своите дева во домот наместо да одат во болница, што доведува до реална опасност од настанување на бројни компликации за време на породувањето.
    Беше застапено мислењето дека трудници кои се одлучуваат на планирање на семејство без здравствени компликации одат до најблиската установа со што би се породиле, но истражувањата покажуваат на тоа дека поголемиот број на оние кои сакаат да се породат во домот, се зголемува ризикот од морбидитет.
    Љубителите на породувањето на домот наведуваат дека имале исклучително негативно искуство кога станува збор за раѓање на дете во болница поради тоа што медицинските работници исклучително се немарни.
    Како што наведуваат поединечни мајки, гинеколози и бабици повеќе внимание посветуваат на пиење кафе и чај отколку на идните мајки. Исто така, во текстот објавен од медицинскиот портал Health 24 се наведува како културата и моралните норми се исклучително битни за живот на една заедница и дека истите треба да се почитуваат, но и исто така општата здравствена слика на друштвото е уште побитна.
    Се нагласува како жената која одлучила да се пораѓа во домот мора да се осигура дека оние што ќе помагаат во процесот на породување се доволно медицински обучени.