ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Практични Мајки   >  Постпородилна алопеција
    Постпородилна алопеција

    Постпородилна алопеција

    Постопородилна алопеција или пак губење односно опаѓање на коса е нормална ситуација која се случува поради хормоналната промена.
    Концентрацијата на естроген нагло опаѓа после породувањето и тоа влијае врз наглото опаѓање на косата или така наречена алопеција.
    Доколку опаѓањето не е интензивно и не трае долго, нема потреба од грижи. Повеќе од половина жени доживуваат постопородилна алопеција, во одредена мера.
    Непосредно по породувањето има можност вашата коса нагло да опадне. За два до три месеци ваквата состојба би требало да се врати во нормала.
    Кај некои жени процесот на опаѓање може да се продолжи уште неколку месеци а понекогаш да трае и цела година .
    Косата почнува да гиби на квалитет во густина, сјај, почесто се мрси и е покршлива од претходно, посебно на врвовите.
    Некои мајки ги фаѓа паника посебно во моменти кога се бањаат се слушува во рака да им остане цел прамен од косата. Понекогаш се случува и 30 % од косата да опадне.

    opagjanje na kosa

    Во текот на бременоста, естрогенот расте се до породувањето, потоа концентрацијата во организамот почнува да се намалува. Од таа причина, опаѓањето на коса една од најчестите состојби кои се појавуваат во постопродилниот период. 
    Сите промени на косата кои се случуваат, претставуваат стрес во организмот на секоја жена, па ова, во одредена мера дополнително може да влијае и да го поттикне опаѓањето на косата.

     

    Промените кои настануваат а се поврзани со опаѓање на косата најчесто престануваат после неколку месеци. Сјајна и бујна коса која секоја жена ја имала пред бременоста, голема е веројатноста дека одново ќе се врати во првобитната состојба.

    Во овојпериод би било потребно да се користат шампони на билна база со големо ниво на концентрација на витамини од групата Б. Исто така може да се користат и лосиони против опаѓање на косата.
    Доколку косата е долга, треба да се расчешлува по претходно нанесена маска или пак да се нанесува регенератор за да може да се спречи понатамошното пукање и опаѓање.
    Може да се користат благи шампони кои се наменети за деца во комбинација и со употреба на маска за зајакнување на косата. Масазата на коренот на косата и главата можат да поттикнат циркулација и да биде дополнителна добивка во процесот на закрепнување.
    После неколку месечен ваков третман, вашата коса повторно ќе заблеска во полн сјај.