ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Актуелно   >  Првата правосилна пресуда во Македонија по основ на дискриминација и бременост!
    Првата правосилна пресуда во Македонија по основ на дискриминација и бременост!

    Првата правосилна пресуда во Македонија по основ на дискриминација и бременост!

    (МЗМП) Македонското здружение на млади правници информираа дека на ден 26.09.2018 година, во рамки на Проектот на УСАИД за заштита на човековите права, поддржана од МЗМП, Апелациониот суд од Скопје ја потврди пресудата на Основен суд Куманово, со која се утврдува дека тужената странка го повредила правото на лицето кое тужело, со тоа што извршило дискриминација по основ на родителство, односно бременост.

    Имено, лицето кое тужело било вработено во основно училиште, а го започнала тужењето врз основа на спор со директорот на училиштето со кој се соочила во моментот кога информирала дека е бремена.
    Лиццето кое тужело ги исполнувала условите за трансформација на работен однос од определено на неопределено време, но по информирањето дека е бремена, барањето за трансформација кое претходно било направено било повлечено.

    Првостепениот и второстепениот суд потврдиле дека според член 6 и член 96 став 1 од Законот за работни односи го повредиле правото на лицето кое тужело на еднакви можности и еднаков третман, а со тоа направиле дискриминација.

    На тужените им била изречена казна во износ од 50.000,00 мкд по основ на надомест на нематеријална штета поради сторена повреда на правото на еднаквост и дискриминација поради бременост.