ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  “Приватен живот”, филмот кој задолжително треба да го погледне секој! Викендот почна, искористете го!(ВИДЕО)
    "Приватен живот"

    “Приватен живот”, филмот кој задолжително треба да го погледне секој! Викендот почна, искористете го!(ВИДЕО)

    Викендот е започнат, а ние ви предлагаме да го погледнете филмот “PRIVATE LIFE”.
    Филмот ги претставува сите болки, страдања, психолошки моменти кои ги поминуваат партнерите во борбата да станат родители.
    Филмот треба да го погледнат сите, не само оние кои ја знаат болката од тој пат, туку и оние кои познаваат некој близок кој поминува низ истото, ќе влијае многу врз свесноста за моментите кои блиските ги поминуваат, а ќе помогне да сфатите како најдобро да се поставите и да им помогнете.
    Ричард (Пол Џаматти) и Рејчел (Кетрин Хан) се средовечна двојка без деца, која очајно се обидува да има дете. По неколку неуспешни обиди за вештачко оплодување, тие се обидуваат со Ин Витро оплодување, но при процесот дознаваат дека Ричард има блокада што не дозволува да продуцира сперматозоиди, за што се одлучува на брза операција која чини 10.000 долари. Истовремено, тие се обидуваат да посвојат дете откако претходно исконтактирале со бремена тинејџерка од Литл Рок, која сакала да се откаже од своето дете, но за жал потоа престанува да ги контактира.

    Откако ИВФ е неуспешно, нивниот доктор ги советува дека единствена шанса е да најдат дарителка на јајцеклетки, со што ќе се зголеми шансите за успех од 4 на 65 проценти. Рејчел на ваквата идеја првично се противи, но со помош на охрабрувата на Ричард прифаќа.
    25-годишната Синтија, ќерка на нивни блиски пријатели/роднини во меѓувреме одлучува да ја напушти програмата за пишување на колеџ и на одредено време да се пресели кај Ричард и Рејчел, со кои таа веќе е многу блиска. Рејчел, која се бореше со идејата за непознат дарител на јајцеклетки, одлучува дека сака да побара од Сади(Синтија) да донира јајцеклетки. На нивно изненадување Сади брзо се согласува, бидејќи смета дека донацијата на јајцеклетки ќе донесе многу радост во нивниот живот.

    Ричард, Рејчел и Сади ја започнуваат постапката, но на Сади ѝ на прегледнот ја известуваат дека нема доволно јајце клетки, па таа на своја рака прима инкеции кои ќе направат зголемување на јајцеклетките. Сади успева да развие доволно јајцеклетки, но се разболува.

    Ричард и Рејчел сепак прават имплантација, но повторно со неуспех.

    Девет месеци подоцна Ричард и Рејчел на денот на Ноќта на вештерките добиваат повик жена која ги гледа како потенцијални родители за посвојување на своето дете. Тие не се двоумат и веднаш договараат средба со жената.

     

    Во продолжение трејлерот од филмот: