Стерилитет
Медицински тестови
Утврдувањето за постоење на стерилитет кај брачните парови се прави со помош на различни испитувања и тестови. Испитувањата се однесуваат и на жената и на мажот. Бидејќи репродуктивниот систем кај човекот, сам по себе е многу комплициран, процесот за утврдување на стерилитет може да трае неколку месеци.
Тестовите и испитувањата треба да им дадат одговор на двајцата партнери која е причината и неможноста да добијат бебе. Се почесто, испитувањата покажуваат дека се работи за комбинација од повеќе фактори кои ги засегаат двајцата партнери.
Според испитувањата кои сте ги направиле, докторот треба да утврди за кои од овие 5 клучни ситуации е создадена пречка да станете родители по природен пат.
Врз основа на направените базични испитувања докторот треба да добие одговор за:
1. Каква е хармонијата помеѓу балансот на хормони со кои би се обезбедиле јајцеклетките и сперматозоидите да се развијат и да се одржат?
2. Дали овулацијата кај жената се одвива регуларно?
3. Квалитетот и квантитетот на сперматозоиди
4. Функционалноста на репродуктивниот тракт (матка и проодност на канали) каде се случува самото оплодување
5. Можноста на женското тело да дозволи имплантација на ембрион кој треба да се задржи и храни..
Откако ќе се идентификува причината се настапува со лечење кое ќе помогне во зголемување на шансите за оплодување.
Секогаш постои мала можност, причината за неплодноста да не се идентификува кај двајцата партнери, ваквата состојба се нарекува идиопатски стерилитет. Без разлика што не е утврдена било каква аномалија или проблем кај партнерите, денес благодарение на медицината е можно да се излечи и таков вид на стерилитет.