Тато остави ја мама да се одмори и погрижи се за мене!
Оооо тато, тато, немој да се преправаш дека спиеш, немој постојано да си уморен, пресоблечи ме и ти понекогаш, мама ме чува по цел ден. Помисли на неа малку и она е уморна. Не и е лесно со мене.
Поголемиот број на татковци се преправаат дека спијат кога бебето ќе заплаче. Секој се ослонува на својата поубава половина. Мајката мора се, мајката не може да биде уморна. Тоа тие го мислат.
Како најчести изговори ги користат заморот и причината што наутро мораат да станат бидејќи одат на работа. Секој петти, кажува дека нивните деца ги бараат исклучително само своите мајки. Грижата за новороденчето, татковците најчесто ја препуштаат на мајките.
Најчести причини зошто мажите се преправаат дека спијат е тоа што наутро рано стануваат поради работа или се правдаат дека едноставно не им е добро бидејќи се преуморни.
Поради овие причини, паровите најмногу се расправаат. Знаеме дека и на мажите не им е лесно да работат по цел ден, да дојдат уморни од работа и наместо да одмараат да чуваат деца, или пак уште потешко да стануваат во текот на ноќта. Затоа мајката е мајка. Таа станува од кревет по првиот бебешки плач.
Јас сум мајка и пишувам од искуство. Јас не можам баш да кажам дека мојот сопруг бил таков додека нашите деца ни беа мали, но имало милион такви ситуации. И јас понекогаш полудувам бидејќи по цели денови сум со детето. Синот го доев, се будев во текот на ноќта и тогаш кога малку ќе сакам да одморам тој доаѓа од работа и кажува дека е премногу уморен. Имајте и вие малку повеќе разбирање кон вашите сопруги, тие се мајки, но не се семоќни, понекогаш и на нив им треба одмор, сон. Ако тие не се одморени и расположението не може да им биде како што треба, бидејќи не заборавајте, тие чувствуваат се а посебно кога се мали бебиња.
Еве кои се најчестите изговори на татковците:
– Драга, многу сум уморен.
– Утре рано станувам, морам да се наспијам
– Но тебе те бара, не мене
– Ти тоа го знаеш подобро од мене
– Не знам јас како тебе
– На тебе е ред