ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  Токофобија
    Токофобија

    Токофобија

    tokofobija

    Токофобија претставува страв со кој денес се борат голем број на жени. Паничниот страв од забременување и страв од самиот процес на породување е познат како токофобија. Денес ова е се почеста појава и се повеќе се сретнуваме во друштво на идни мајки кои се соочуваат со ваквиот страв.
    Од Токофобија денес патат околу 14 % жени, процент кој не е занемарување, иако во неа се вклучени и жени кои панично се плашат за нова бременост поради трауматично искуство кое го доживеале во првата и рана бременост.
    Токофобијата најчесто им се случува на жени кои никогаш не биле трудни и кои веруваат дека никогаш нема да имаат деца, бидејќи панично се плашат да забременат.
    За искуствата говорат голем број на изтражувачи врз основа на испитувањата. Одговорите кои ги дале дел од испитаниците се:
    – “Преплашена сум од самата помисла дека во мене би растел некој вонземјанец”,
    – Мојата фамилија едноставно не може да го разбере мојот страв. Сопруга сум и од почетокот сум го потенцирала фактот дека се плашам, но тие упорно се надеваат дека тој страв ќе го надвладеам.
    – Навистина се трудам сама да го решам тој страв, дури и престанав да пијам пилули но едноставно избегнувам секс и размислувам за тоа да почнам повторно да ги пијам пилулите а за тоа да не го известам сопругот.
    – Стравот толку многу ме обземе што неможам поминам покрај трудница а да не се замрзнам од страв, не можам ни да разговарам за бременост бидејќи веднаш добивам треска и грозница од паника.

    Стравот од непозната болка е факторот поради кој голем број на жени страдаат и се плашат да забременат и да се породат.
    Женското тело е создадено да раѓа и во утробата да расте дете, но жените кои страдаат од токофобија, од самата помисла дека им расте нешто помеѓу органите за нив е недпонослива. Се плашат дека нивното тело тоа не би го издржало.
    Стресот кој го наметнува денешницата и самиот начин на живот, се повеќе растет процентот на жени кои се оптоварени со лоши стравови како што се депресија, стрес, акциозност и останати разнлични фобоии меѓу кои е и токофобијата.

    Другиот страв е е страв од повторна бременост. Тука е ситуацијата појасна и се работи за страв кој може да се објасни и ублажи. Но за жал денес, не се решава проблемот во целост како што треба. Многу жени кои од некоја причина доживееле траума во текот на претходната бременоста или пак за време на породувањето е логично да се плашат повторно да го проживуваат истото.