
Уморна си и по малку лута, но денес она што најмногу ми треба е мојата мајка!
Ти благодарам многу што ме доиш. Веројатно дека и самата знаеш колку твоето млеко е најдобро за мене.
Пред да се откажеш, би сакала да ти го објаснам моето однесување. Можеби ќе се почувствуваш подобро.
Ако по породувањето ме одвоија од тебе, ќе ми беше потребно многу време да го вратам својот инстикт и да почнам правилно да цицам. Можеби изгубив многу на тежина додека бевме во болница. Знај мамо, јас ќе ти кажам кога сум гладно за да го добијам своето млеко. Па дури и ако се поминати 5 минути од кога последен пат цицав. Можеби мојата баба ќе ти рече: “Само што јадеше, но сигурно пак е гладен”, но, мамо, јас сум многу мал и не знам брзо. Сега ми требаат 20 минути да добијам само 5ml од твојот колострум кој многу ми значи!
Но мамичке, се е во ред. Не постои место на светот каде би сакал да отидам, освен тоа да е твојата прегратка, да го слушнам гласот и да те помирисам, па дури и ако не си бањата откако сум се родило. За мене си највкусната и најпрекрасното суштество. Не постојат многу начини со што би можела да кажам што се сакам. Можам да плачам и можам да цицам. Не можам да гледам многу, но можам многу да осетам. Чувството кога ме ставаш на твојата града, тоа е најубавото чувство!
Можеби те буни тоа што сакам да цицам по цел ден и ноќ. Но мамо, јас не го бројам времето. Јас вежбам да станам силно и истовремено ја правам уште поуспешна твојата “фабрика со млеко”, која за мене има вкус на сладолед.
Ако ми понудиш шишенце, јас ќе го испијам целото, зошто не знам поинаку. Мојот стомак е мал, а на твоите гради можам да останам колку сакам.
Мамо, кога цицам ги забрзувам двата многу битни хормони, пролактин и окситоцин. Овој другиот е одговорен за твое безрезервно заљубување во мене! Постојат само три случувања во твојот живот кога овој хормон со чуден назив се лачи по моето раѓање и се зголемува додека цицам. Можеби ти звучи чудно што јас како бебе се ова го знам. Но мамо, мене би е битно да бидеш ти среќна и затоа сакам да направам се што можам за да ти пружам колку можам повеќе од овој хормон.
Мамо, знам дека сакаш се најдобро за мене и дека понекогаш се грижиш дали ќе имаш доволно млеко за мене. Можеби почнуваш да се сомневаш во своето тело. Но, јас знам што ти можеш. Дозволи ми да бидеме заедно цел дел и ноќ, неразделни и јас ќе направам млеко кое е за мене доволно и потребно. Јас ја сакам и баба ми и татко ми и сите останати кои доаѓаат да ме видат, но најсреќно сум со тебе! Сакам да го слушам твоето срце додека спијам, така си топла и мека и мирисаш најубаво на свет.
Местото помеѓу твоите гради е место каде што може да ја спуштам својата глава и да го почувствувам допирот на твојата кожа.
Сакам кога ќе ме доиш лежечки до мене. Чувствувам како си опуштена, млекото така лесно тече и знам дека не се брзаш да ме надоиш набрзина и да си заминеш од мене.
Мамо, знам дека си била активна пред да се родам. Одеше на кино, театар, ресторан, се дружеше со пријателите. Знам дека сега ти делува дека наскоро нема тоа да се случи. Можеби станот ни е во неред, можеби садовите не се измиени со денови….
Но мамо, сакам нешто да ти ветам. Не умеам и не знам да кажам кога ќе се случи, но ќе дојде ден кога ќе ми требаш помалку од денес. Моето цицање полека ќе се намали, ќе почнам да спијам само и кога ми треба многу малку твојата помош. Ќе уживам во прегратките на другите. Ќе научам и само да се успивам, ќе научам помалку од тебе да зависам. Но денес, мамо, ти си најпотребна. Се надевам дека мојата љубов кон тебе, која не умеам сеуште да ја покажам, ќе биде доволна за да се издржат овие напорни денови!