Цигарите и бременоста
Најновите истражувања, покажуваат дека доколку жената која не пуши цигари и има партнер кој пуши цигари автоматски се одложува времето за бременост за околу два месеци. Докторите за прв пат имаат направено истражување за оваа лоша навика и можноста за забременување.
Студијата е направена со 569 жени на позраст од 29 години кои биде во процес на забременување. Тука биле вклучени и жени кои пушат цигари и жени кои престанале да пушат и жени кои никогаш не пушеле цигари.
Резултатот покажал дека жените кои пушеле во текот на периодот кога пробувале да забременат во просек им требало два месеци подолго од оние кои престанале да пушат во тој период. Она што мора да се потенцира е дека престанувањето на пушење има одличен резултат и истите се видливи. Доколку се престане со пушење подолг период на пример, една година, жените немале никакви потешкотии за забременување, исто како и оние кои се не-пушачи.
Др. Маркус Мунафо, кој го водел целото истражување, истакнал дека жените во бременост најчесто го намалуваат бројот на цигари или воопшто не пушат бидејќи негативно влијаат врз нероденото бебе. За подобри ефекти и здраво тело, сите кои ја планираат бременоста треба колку може поскоро да престанат со пушење цигари.
Постојат многу докази за ризиците кои се предизвикуваат од пушење за време на бременост и има голема стапка за ризик од смртност на фетус како и ризик од респираторни инфекции. Многу жени не се свесни дека престанувањето на пушење многу позитивно може да влијае врз бременоста но и значително ги подобрува шансите за зачеток. Она што оваа студија го докажала е дека пушењето општо, лошо влијање врз плодноста на сите жени. Стручните лица претпоставуваат дека пушењето исто така може да влијае во испуштање најајцеклетките пред оплодувањето или врз нивниот квалитет. Да се престане со пушење би требало да стане рутина за сите они кои сакаат да имаат бебе, како што мајките внесуваат витамини и минерали пред зачнувањето и започнуваат со здрава исхрана и здрав начин на живот. Доколку сакате за бремените, веднаш престанете со пушење бидејќи со тоа ги зголемувате шансите за зачнување а секако, правите добро за себе и за вашето идно бебе. Исто така, доколку жената е не-пушач а е изложена на пасивно пушење, нејзините шанси за забременување во текот на годината се намалуваат за цели 14%. Затоа, за успешно забременување, треба да бидат посветени како идните мајки така и идните татковци кои исто така треба да намалат или најдобро, целосно да прекинат со пушење на цигари.