ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  Четири знаци кои ќе ви покажат дека породувањето започнува!
    Четири знаци кои ќе ви покажат дека породувањето започнува!

    Четири знаци кои ќе ви покажат дека породувањето започнува!

    Препознајте ги знаците кои упатуваат на тоа дека баш сега е време, за вашето бебе да дојде на свет.
    Менструални болки. Чувство дека сте добиле менструација пропратена со голема болка во долниот дел на грбот, не ретко е првиот знак на предпородилни болки, но може да биде само контракција на матката, што се случува неколку недели пред породувањето. Па затоа пратете ги останатите знаци.
    Пукање на водењак
    Тоа значи дека пукнала вреќичката полна со течност која го опкружува вашето бебе. Ќе приметите мал млаз на вода или споро капење поради кое ќе имате чувство како да сте се подмочале. Во тој момент можете да го побарате гинекологот, но доколку течноста е бистра, се чувствувате добро и болките сеуште не започнале, веројатно ќе ви рече да почекате дома или пак ќе ве повика на преглед во болница.

    Како почнува цервиксот да се опушта и припрема за доаѓањето на бебето, можно е да излезе слузница со која матката е обложена. Тоа најчесто изгледа како густ исцедок што е показател за проблеми со постелката.

    Ја чувствувате бебешката глава
    Како бебешкото главче почнува полека да се пробива и припрема за породување, ќе почувствувате силен притисок во желудникот, вагината и мочниот меур. Исто така ќе ви се чини дека имате повеќе простор во горниот дел на стомакот бидејќи бебето полека се спушта. Бабицата ќе ви каже кога е вистинскиот момент и кога е бебето спремно да излезе.