Што претставува ПМС и како влијае врз жената?
Што претставува ПМС?
Предменструалниот синдром добро познат како ПМС, претставува низа на хормони кои се манифестираат со појава на емоционални, психички и физички промени. Кај голем број на жени, емоционалните симптоми се јавуваат во вид на нервоза, депресија или вознемиреност.
Многу честа е и појавата на симптоми како, грчеви, подуеност, акни, зголемена осетливост на гради, главоболка па дури и губење на свест. Кај некои жени се појавуваат и психички проблеми како што се заборавеност, недостаток на концентрација, зголемен апетит и намалена желба за односи.
Во кој момент се појавува ПМС?
Кај 85% од жените ПМС се појавува секој месец од 7-от до 14-тиот ден пред месечниот циклус, после овулација. Ако во тој период дојде до оплодување на јајце клетката , лачењето на естроген и прогестерон престанува и нивото на хормони нагло опаѓа.
Не постои цврст доказ од што се создава ПМС-от но многу стручни лица велат дека појавата на ПМС е цврсто поврзана со лачење на двата женски хормони, естроген и прогестерон. Се смета дека овие два хормона имаат големо влијание врз хормоните и супстанците кои ја креираат појавата на ПМС. Дел од нив се:
Сератонин
Сератонинот е познат како хормон на задоволство кој има големо влијание врз расположението, квалитетниот и добар сон и ја претставува општата слика на задоволство. Намаленото ниво на естроген во организмот после овулацијата е поврзан со пад на нивото на сератонин. Ниското ниво на сератонин може да предизвика депресија, нервоза, зголемена желба за храна.
Ендорфин
Ендорфинот е ензим која го зголемува чувството на задоволство и ја намалува осетливоста за болка. Естрогенот и прогестеронот заедно влијаат на намалување на нивото на ендорфин во организмот.
Епинефрин
Епинефринот или попознат како адреналин е претставник на стресот. Естрогенот влијае на нивото на адреналин во организмот што влијае на зголемување на крвниот притисок и влијае на промена на расположението.
Гама аминобутерна киселина (GABA)
Оваа киселина влијае на зголемување на нетрпеливоста и нервозата, а пак прогестеронот го зголемува нејзинотот лачење.
Минералокортикоид
Овој хормон го регулира нивото на течности во организмот и нејзиното зголемено лачење за време на ПМС. Исто така влијае во зголемена појава на надуеност во стомакот.
Пролактин
Пролактинот е хормон кој влијае врз зголемување на млечните жлезди во градите. Ваквото зголемено лачење на пролактин во текот на ПМС ја зголемува осетливоста на градите.
Дали постојат препарати кои можат да влијаат врз ублажување на ПМС?
Доколку имате поизразени симптоми на ПМС, консултирајте се со вашиот лекар, кој ќе ви помогне да го идентификува и да ви го препише најдобриот препарат и лек за вас. Во зависност од тоа кои симптоми се зголемени, докторот може да ви препише диуретици, лекови против болка, контрацепциски пилули, антидепресиви па дури и хормонска терапија.
Со кои намирници можам да ги ублажам симптомите на ПМС?
Симптомите на ПМС можете да ги ублажите со едноставна промена на исхраната. Во периодот на ПМС, зголемете внес на сложени јаглени хидрати како што се:
• Интегрални житарки
• Овошје
• Зеленчук
• Апетисани
Додека трае ПМС, најдобро би било да ги избегнувате следните работи:
• Прости јагленихидрати (торти, колачи, чоколади)
• Кафе
• Алкохол
• Цигари
• Солени грицки