Јогата и нејзините придобивки
Јогата значи единство. Таа води потекло од Индија и претставува учење за животот повеќе од 10.000 години. Таа е наајстариот систем на светот за личен развој и соединување, баланцирање на телото, умот и духот.
Јогата опфаќа физички вежби, вежби за дишење, медитации и знаење. Заради напнатоста и стресот единството на телото, умот и духот не е во склад и личи на раштимана гитара. Јогата ни овозможува да се хармонизираме и повторно да постигнеме единство со нашето Битие. Јогата е целовите метода за одржување на физичкото здравје, со која се обновуваат и усогласуваат сите функции во телото. Со помош на дишење и медитација постигнуваме психички мир. Мирот на духот не води во длабока состојба на среќа која е нашата вистинска природа.
Со практикување на физички вежби , техники на дишење и медитација се зголемува количината на животната енергија, се подобрува циркулацијата, се елиминираат токсините, се подобрува имуно-нервниот систем, се зголемува капацитетот на белите дробови, се нормализира работата на жлездите, се подобрува работата на срцето, се регулира и хармонизира дигестивниот систем, се постигнува мир во умот, се зголемува концентрација.