ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Практични Мајки   >  10 Активности за новогодишните празници

    10 Активности за новогодишните празници

    Должност на секој родител е на децата да им приреди одлична забава за Нова Година. Она што ќе го направите во текот на празниците за вашите деца, ќе остане во долго сеќавање во текот на нивниот живот.

    Сите ние пред празниците сме во гужва, работа, секојдневни обврски. Едвај чекамe да започнат. Од тие причини ви даваме неколку незаборавни предлози за празниците кои ќе  ги направат вашите деца да се чувствуваат прекрасно и ќе им останат во долго сеќавање.

     

    1. Секој од семејството треба да изработи по еден украс за на елка.

    2. Воведете правило, секоја година секој член на семејството да купи по еден нов украс за на елка, не повеќе.

    3. Направете фотографија од новогодишната ноќ на која сите ќе бидете свечено облечени или дотерани.

    4. Направете уште еднаш фотографија, но овој пат сите да имате направено смешна гримаса. Плезете се, правете гримаси , гледајте на страна со спуштена веѓа.. Буквално се што ќе ви падне на памет.

    5. Секој од присутните вечерта мора да облече или да носи некој новогодишен детал: кравата во облик на елка, капа од Дедо Мраз, џемпер со новогодишен мотив… итн.

    6. Направете новогодишен филм со изјави од сите членови на семејството. Секој може да каже што сака, да раскаже некоја интересна ситуација од претходната година, некој значаен настан или пак некое ветување за следната година. Така, секоја година можете да го гледате филмчето од минатата година кое ќе ви остане долготраен спомен.

    7. Дозволете им на децата да направат фотографии од тоа како возразните се глупираат 🙂

    8. Направете план-листа на музика која сите ја сакате, но по можност да се игра на истата и пуштајте ја секоја година. Како децата ќе растат ќе се појавуваат нови хитови и нови желби за музика, затоа само додадете ги. Не ги бришете старите песни. Така ќе имате долгаа листа на музика која сте ја слушале некогаш и ќе остане во вашата меморија. Затоа, убаво е секогаш да почнувате од почеток, прво старите песни и на крај да завршите со новите хитови.

    9. Одберете една храна која сите ја сакаат и која ќе ја спремате секоја година само за новогодишната ноќ. Направете ја во доволни количини да има барем за два дена, со цел сите доволно да уживаат во неа. Прекрасно би било доколку може и децата да бидат дел од изработката на храната. Направете го ова да стане ваша традиција и убаво сеќавање.

    10. Размислете каде би можеле да одите секој 1ви Јануару колку и да е ладно. На пример во центарот на градот да се фотографирате под новогодишната елка и јадете печени костени.

    Создадете ја традицијата за вашето семејство. Тоа ќе биде вашата меморија и спомени кои ќе останат засекогаш во вашето срце.