ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Практични Мајки   >  Лекции кои возрасните треба да ги научат од децата
    10 лекции кои возрасните треба да ги научат од децата

    Лекции кои возрасните треба да ги научат од децата

    Можеби Ви делува смешно. Но само на прв поглед. Затоа што многу често правилата кои ги знае секое дете ние возрасните поради некоја причина ги забораваме.

    1. Појадокот е најважен

    Децата секогаш појадуваат. Нормално, тој појадок им го даваат возрасните, но тоа не ги менува работите. А Вие? Да запамтиме: Појадокот е најважниот оброк и не смее да се пропушти. Од тоа Ви зависи денот. Исто како и за децата и за возрасните е многу важно тој оброк да биде хранлив и здрав, но не и тежок.

    2. Не ја носете работата дома

    Децата често Ве молат да не го правите тоа. И тоа има смисла. Работата се извршува на работното место, домот е за одмор и семејни активности. Не ги носете дома проблемите од работа затоа што тоа го нарушува семејниот живот. Туширање, физичка активност после работа, домашна атмосфера би требало да помогнат барем до наредното утро да ја тргнете работата од глава.

    3. Единствен начин да сфатите како нешто работи е да го расклопите

    Овде нормално во предвид се имаат проблемите а не електронската опрема. Да речеме ако пишувате книга, започнете од кратки раскази и есеи. Потоа полесно ќе ги дополните, систематизирате и поврзете. Така е многу полесно отколку да пробате оддеднаш се да опфатите. Така и со проблемите.

    4. Зошто на децата не им се дава кредитна картичка?

    Нормално, затоа што сите пари би отишле на скапи бескорисни работи кои веќе другиот ден би им здосадиле. Размислете за тоа дали во Вашиот дом има Ваши бескорисни работи. Колку се? Можеби е време да водите евиденција за трошоците. Така на крајот од месецот ќе видите каде одат парите и ќе откриете што е тоа што го оптеретува семејниот буџет – најнова тастатура на која не сте успеале да се навикнете, многу усб стикови кои не ги користите и сл.

    5. Поставувајте прашања

    Не е срамота да не знаете, срамота е да не прашате. Сетете се колку прашања Вам Ви поставуваат децата. Вашите прашања се Ваша информација, Вашето знаење за светот. Љубопитноста е еден од начините да се сознае овој свет и не треба да ја елиминирате. Ќе ве изненади колку многу не сте знаеле и колку нови идеи ќе добиете.

    6. Најдобри возрасни се возрасните кои слушаат

    И најголемата криза може да се надмине само доколку некој не сослуша. Нема лесно да најдете човек кој е способен да разбере за што му се зборува и кој додека соговорникот зборува не води свој внатрешен монолог чекајќи овој да заврши за тој да почне. Како што од децата барате да слушаат што им зборувате, настојувајте и Вие да бидете така добар слушател и да бидете опкружен со такви луѓе.