• Нема производи во кошничката.
a
  >  Практични Мајки   >  10 начини да ги смирите грчевите кај бебето
10 начини да ги смирите грчевите кај бебето

10 начини да ги смирите грчевите кај бебето

Во потрага по вистински начин на ублажување на грчеви кај бебето, може да наидете на препреки додека  да поминат. Зашто, што помага на едно бебе, можеби не може да направи ништо за друго ….

 

1. ОДБЕРЕТЕ го правото шише

Ако Вашето бебе се храни со млечна формула, важно е да го најдете вистинско шише кое нема да  придонесе за прекумерен проток на воздух.

 

Цуцлата би требало да има дупка која не е премногу мала – што би можело да му наштети на бебето и наместо тоа, повеќе да “влече”течност, но не и премногу голема – што може да доведе течноста да дојде до  бебето премногу брзо.

Некои шишиња се посебно дизајнирани така што се намалува внес на  воздух додека влече бебето. Други се закривени, додека трети имаат вентилационене систем, со кој се постигнува хранење без внесување на воздух.

 

2. Исправете го бебето додека го храните

 

Потрудете се да го држите вашето бебе исправено во текот на подојот, зашто така ќе помогнете полесно “патување” на вашето млеко или формула во неговиот стомак. Телото и главата на бебето треба да бидат во права линија. Ако бебето е склопчено, повиено или подгрбавено, поголема е веројатноста дека ќе проголта барем одредена количина воздух.

 

3. Водете сметка за сопствената исхрана додека доите

Ако сметате дека вашаето бебе би можело да биде чувствителна на нешто во вашата млеко, треба да ги отстраните млечните производи за исхрана (млеко, сирење, јогурт) во текот на неколку недели. За тоа време ќе се отстрани дејството на протеинот од кравјото млеко во Вашето млеко.

 

Во случај да нема ефект, обидете се да обрнете внимание, колку зачинета храна јадете, производи од житарици, овошје, јагода, куцкус, брокули, зелка,лук,кафе и алкохол. По некое време воведувајте дел од оваа храна, да видете какви реакции ќе има. Овој систем може да трае, но сигурно може да му помогне на твоето бебе.

 

 

4.Бебето треба често да подждригнува

 

Често подждригнување ќе помогне да вишокот воздух излезе од желудникот на вашето бебе. Би било добро да подждригне помеѓу две дојки и повторно на крајот.

 

5. Масирајте го бебето

 

Нежно ” галење ” по стомакот, односно лесен притисок може да помогне да се отпуштат гасовите. Исто така, можете да го поставите бебе преку вашите колена, со стомакот свртен надолу, и да го трљате по грбот.

 

6. КОРИСТИТЕ ТЕРМОФОР

Некои бебиња во текот на траењето на грчевите едноставно се заблагодаруваат за чувството на топлина преку своите стомачиња.Термофорите напунетите ги  со топла вода, ставете го на својот стомак,и поставете го детето да лежи одозгора. Бидете внимателни со топлината на водата, она што Вам ви е пријатно, може да биде претопло за бебешката кожа.

 

7.Правете вежби со ноџињата на бебињата

Ставете го вашето бебе на грб, држете ги неговите стапа и лесно движете ги нозете – правејќи го движењето како да вози велосипед. Би било добро да го правите тоа неколку пати дневно (промената на пелена е совршено време за тоа).

8. Пуштете музика или пејте му на бебето

 

Пејте му на Вашето бебе, или пуштете му музика од CD со  нежни мелодии. Можете дури да најдете CD со смирувачки звуци од мајчината утроба. Некои родители пак говорат, дека нивните деца ги смируваат звуците на гласниот R’n’R.

 

 

9.Возете го бебето во автомобил

Многу родители откриле дека  возењето со автомобил, е она што го смирува нивното бебе. Затоа, сместете го бебето во соодветно место и почнете да се движите во успокоително возење. Во секој случај, ќе ви годи затоашто и Вие и бебето ќе ја промените средината.

 

10. Бањајте го бебето

 

Топлата бања во текот на траењето на грчеви, може да му помогне во олабувувањето на детето. Некои бебиња, исто така, сакаат да бидат под туш, особено уживаат  кога  водата им се распрскува по грбчето. Можеби и вашето бебе ќе ужива во ритмичките млазеви на топлата вода, исто како и во звуците, кои ги произведува вода.