
10 важни правила за мајките кои воспитуваат синови
Американската новинарка Табита Студер, мајка на два сина, доби совети од други мајки за воспитувањето на нивните синови, како би им помогнала на новопечените мајки.
1.Бакнувајте го, многу, многу
Секоја мајка која има син знае колку тој знае да биде права маза. Истиот тој веќе со година дена може да биде многу жив, помалку груб и деструктивен. Во моментите кога тој ќе ја покаже својата нежна страна, ќе Ве гушне и ќе сака да Ве допре, тогаш не ги штедете своите чувства.
Гушкајте го, галете го и бакнувајте го колку повеќе можете. Бакнежите и допирите се важни кај развојот на децата, што најмногу ќе дојде до израз кога Вашето бебе ќе стане момче, кое не се плаши да ги покаже чувствата. Бакнувајте го и тогаш.
2.Научете го на домашните задачи
Ако Вашиот син набљудува додека готвите, чистите или ги спремате алиштата за перење, дозволете му да Ви помогне во тоа. Објаснете му што правите и пробајте дел од работата симболично да му префрлите и него. Кога Вашето бебе ќе стане момче, тие работи веќе нема да му бидат забавни, но ќе знае се да работи и ќе може лесно да стане самостоен.
3.Дозволете му да ги извалка и искине алиштата
Момчињата се често разиграни и палави, што неретко доведува до мали незгоди како што се искинати и извалкани алишта. Со нервирањето околу таквите мали работи и со забраните нема да постигнете ништо. Рипањето, паѓањето и уништувањето се само дел од растењето кој кај момчињата е често изразено.
4.Покажете му примери на добри машки личности
Вашиот син ќе биде опкружен со мускулести ликови под маски од цртаните филмови кои со својата појава пленат внимание, уште од кога ќе се роди. Погрижете се да му ги приближите и да го запознаете со вистинските мажи кои фасцинираат, но не со својата сила туку со својата глава. Писатели, сликари, физичари, нобеловци…
5.Покажете му примери на добри жени
Фотографиите од убавите жени во списанијата, каталозите или од светот на познатите се нешто со што Вашето дете ќе расте. Освен таквите поделби на припадничките на понежниот пол, погрижете се да дознае за жените кои своето место до славата го пронашле поради својот талент, знаење, упорност и своите животни ставови.
6.Научете го на убаво однесување
Децата впиваат како сунгер и секоја информација која ќе ја поделите со својот син ќе биде сочувана во неговата меморија. Научете го како пристојно да јаде, покажете му што значи да се биде пристоен спрема повозрасните, послабите и девојчињата.
Еднаш кога ќе стане маж, ќе бидете горди на него, а Вашиот пристоен син секоја мајка ќе го посака за зет.
7.Поттикнете ја неговата нежна страна
За разлика од девојчињата, момчињата не сакаат да ги покажат своите чувства, а тој природен инстинкт ја прикрива нивната нежна страна. Покажете му што значи нежност и дозволете му самиот да ја почувствува и да ја покаже спрема бебиња, животни, растенија, но и спрема другите деца и возрасните.
8.Дружете се и надвор од домот
Иако почесто татковците се тие кои ги носат момчињата на спортски настани, на возење со точак или играње со топка, од време на време и Вие вклучете се во овој вид на забава.
Покажете му дека сте супер мајка која го разбира во секој поглед, па така и во “машките” активности.
9.Дозволете му да почувствува пораз
Никој не сака да губи и тоа се забележува уште од најраната возраст. Но поразот е дел од животот, а Вашиот син набрзо ќе го сфати тоа. Ако изгуби во некоја игра или во некој натпревар, дозволете му да се налути и да биде помалку разочаран. Тоа се нормални чувства со кои е подобро да се сретне во најраната возраст. Што порано сфати дека не го добиваме стално она што го сакаме, толку полесно ќе биде неговото растење.
10.Вклучете се во неговиот живот и надвор од домот
Додека се мали, момчињата се многу поврзани со мајката, но како времето одминува почнуваат да се интересираат и за активности надвор од домот, далеку од Вас. Пробајте да се вклучите во работите кои го интересираат и во кои ужива. Ако се занимава со спорт, пратете ги неговите настапи, успеси и неуспеси. Кога ќе почне да излегува дознајте кои се неговите пријатели и запознајте ја неговата симпатија.