
9 ЗЛАТНИ ПРАВИЛА ЗА ЗАШТИТА НА БЕБЕТО ОД СОНЦЕ
Летото е на врата, па неопходно е секое дете да го заштитите од сончевите зраци. Сонцето има и благотворно дејство, бидејќи го потикнува витаминот Д во организмот, но треба да се чува од негативните влијанија на UVA и UVB зрачењето на кожата и очите, кое е опасно за сите а поготово за децата.
За безбедно да го поминете летото, превземете ги сите потребни мерки за заштита, и водете сметка за следното :
Децата кои се помали од три години не треба директно да се изложуваат на сонце. Меѓутоа, децата тешко можетѕе да ги задржите во ладовина, водете грижа да ги мачкате со заштитна крема со ознака “total block”.
- Децата не смеат да се изложени на сонце во периодот од 11 до 16 часот. Пред и после тоа време треба да се превземат потребни мерки на претпазливост.
- Не треба да се заборави дека телото почнува да го превзема витаминот Д после 10 минути претстојување на сонце (не на директно!). Овој витамин го потикнува апсорбирањето на калциумот што е добро за јакнење на коските и забите.
- Детето не треба да излегува на сонце без заштита за главата. Би било убаво капата да има настрешница која ќе ги заштити очите на детето од јаката сончева светлина. На себе треба на носи тенка облека со светли бои (темните бои ја привлекуваат топлината).
- Кожата на детето намачкајте ја со специјална крема со висок фактор за заштита (SPF 30 и поголем). Ако е детето помало факторот треба да биде поголем.
- Намачкајте го детето еден час порано, пред да излезете на сонце. Така ќе бидете сигурни дека кожата го впила препаратот и дека е заштитена.
- Децата помали од три години треба да се мачкаат на секој час, а поголемите деца на секои два часа престој на отворено.
- Не е правилно ако мислите дека кожата на детето не треба да се мачка ако детето е во ладовина. Дури и кога е облачно, 80% UV зраците допираат до кожата на детето.
- Никогаш немојте да ги користите производите кои содржат парфем или алкохол. Примената на овие производи на сонце предизвикуваат алергиска реакција кај повеќето од малите деца.
- Додека детето претстојува на сонце, дајте му да пие вода на секој половина час. На тој начин ќе ја спречите дехидрацијата, која е многу опасна.