ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  10 знаци кои потврдуваат дека сте спремни за второ дете.
    10 знаци кои потврдуваат дека сте спремни за второ дете.

    10 знаци кои потврдуваат дека сте спремни за второ дете.

    10 знаци кои потврдуваат дека сте спремни за второ дете.

    Необјаснетата потреба за звукот од малите нозе кои трчкаат низ домот и упорното брборење додека се обидуваат да се изговори некоја нова реченица е честа желба и потреба кај многу мајки ширум светот, пред се затоа што малечките се неодолливи.
    Многу често ќе се фатите себеси како разнежнето ќе се насмевнете на некое мало детенце на улица или пак нежно ќе погалите туѓо дете.
    Меѓутоа како да направите разлика помеѓу мајчинскиот инстикт и љубовта спрема малечките и вистинската потреба за дете? Дали сте спремни за уште едно дете или едноставно тоа чувство само ве залажува?
    Разгледајте ги 10те показатели кои ќе ви одговорат на тоа дали е вистинско време за второ дете?
    1. Мирисот на бебето за вас е најубавиот мирис
    2. Кога ќе погледнете опрема или пак облека за бебе веднаш ќе застанете пред излогот и ќе ги разгледувате новите производи.
    3. Одеднаш ќе почнете да размислувате за машки и женски имиња и гласно да ги говорите вашите омилени.
    4. Чувствувате блага љубомора кога вашата пријателка ќе ви каже дека е трудна
    5. Помислата на менување пелена на бебето на вашата пријателка воошто не претставува проблем туку напротив, големо задоволство.
    6. Шетате низ продавници и случајно сфаќате дека сте заглавиле во детскиот дел
    7. Одбивате вашата слободна соба вашиот сопруг да ја претвори во магацин или пак соба каде ќе гледаат фудабал или пак playstation со пријателите
    8. Сеќавањето на сите непроспиени ноќи кога трчате кон вашето расплакано бебе е со насмевка на лицето.
    9. Вашето тригодишно дете го доживувате како голем човек
    10. Одвикнувањето од алкохол на вас ви оди многу лесно, бидејќи знаете дека по породувањето потвортно ќе можете да излегувате и да конзумирате алкохол.