
12 недела од бременостa
12 недела од бременоста
Бебе: Во оваа недела најзначаен е развојот на рефлекси. Дланките на бебето почнуваат да се шират, ножните прсти се собираат, мускулите на очите се стискаат а устата почнува да прави движења како да цица. Ако со прстот благо го притиснете стомакот, бебето ќе се згрчи, но вие тоа нема да го осетите.
Лицето во оваа недела е очовелено. Очите се преместени на страна како и предниот дел од главата, ушите се конечно таму каде што треба да бидат. Прстите на рацете и нозете се раздвоени, а косата и ноктите почнуваат растат.
Во овој период, бебето почнува да голта мала количина на плодовата вода и од неа да прави урина, која ја исфрла назад во плодовата вода. Непотребните материи, низ плацентата се пренесуваат до крвните садови од каде мајката ги елиминира во организмот.
Во меѓувреме, нервните ќелии се размножуваат.
Бебето сега не би требало да е долго повеќе од 65 mm (големина на кајсија) а тешко околу 14 грама.
Мајка: Вашата матка е порасната до точка во која вашиот лекар може да го почуствува нејзиниот врв во долниот дел на абдоменот, малку над коските (сега е големината околу 10 cm)
Во овој период можете да почуствувате пецкање, кое често се протега во горниот дел во градите до долниот дел на грлото каде се зајакнува. Зошто ова се појавува? Во текот на бременоста, постелката произведува голем број на хормони прогестерон кој ги опушта нервите помеѓу езофагусот и желудникот. Посебно кога лежите, желудечната киселина може да се врати горе, што создава непријатно пецкање. Кај некои жени овој проблем може да се појави подоцна каде матката која е порасната ќе го притисне желудникот. Непријатно чувтсво може да има од досадно до интензивно и загриживачки.
Што треба да правите?
• Доколку сеуште не сте ги зголемиле своите килограми и не сте спремни за трудничка облека, сигурно без сомневање сте забележале дека струкот малку е пополнет и дека ви е поудобно во опуштена гардероба. Почнете да размислувате за новиот имиџ и распрашајте се каде може да пронајдете квалитетна трудничка гардероба.
• Направете буџет за бебето. Планирајте со својот партнер трошоци за облека, храна, пелени, играчки. Размислете како можете да заштедите.