• Нема производи во кошничката.
a
  >  Практични Мајки   >  12 неочекувани начини за употреба на бебешката пудра
12 неочекувани начини за употреба на бебешката пудра

12 неочекувани начини за употреба на бебешката пудра

Детската пудра е потребна во секоја куќа. Ова корисно детско средство решава дури и најмали 12 проблеми на возрасните луѓе. Неговата главна предност е добрата цена и достапност, бидејќи се продава во секоја аптека. Прифатете ги овие совети и користете ги !

 1.Бујни трепки

Ако пред нанесување на маскарата, ставите на трепките детска пудра со помош на стапчиња за уши, вашите трепки ќе станат по бујни.

 2. Ги спасува старите книги

Ако старите книги ги посипете со детска пудра, можете да ги вратите во живот. Ова средство длабоко влегува во книгата и и дава нов изглед. После нанесената пудра, внимателно тргнете го остатокот со четкичка.

 3. Отстранување на масни траги

Детската пудра одлично се упива во маснотијата. Свежите флеки веднаш посипете ги со детската пудра.

babypowder, babyshop, бебешка пудра, практична мајка, Prakticna majka

4. Кондури

За да се ослободите од непријатниот мирис, а секако и од нечистотијата, ставете малку од детската пудра во вашите чевли и оставете ги да отстојат во текот на ноќта каде е малку посвежо, на пример на тераса.

 5. За порцеланско лице

За да изгледате по свежо, не е задолжително да користите мат пудра, доволно погодно е доколку костистите детска пудра.

 6. Сув  шампон

Доколку сакате брзо да ја освежите косата (немате време за да ја измиете, нанесете пудра на косата и добро исчешлајте ја).

7. Подот шкрипи

Доколку дрвениот под шкрипи, ставете пудра во просторот измеѓу даските. Проблемот е решен.

8. Доколку ланчето ви се заплеткало, ставете му пудра, лесно ќе го отплетката.

 9. Ги одржува предмети чисти

Доколку сакате белата кошула да не ви се валка брзо, изпеглајте ја, а потоа посипете ја со малку пудра на јаката и мажетните.

 10. Траги од домашно милениче

За да ги исчистите влакната од домашното животно, нанесете малку детска пудра на него, а потоа добро исчистете го.

 11. После депилација

За да го намалите црвенилото и иритацијата после депилација, ставете на вашата кожа пудра и размачкајте ја.

 12. Прави поубаво движење.

Доколку внатрешните површнини на бутовите ви се тријат при одење, ставете од детската пудра.