
20 едноставни начини за подобрување на интелегенцијата на своето дете
Уште од раѓање вие како мајка можете да влијаете на вашето бебе и развојот на неговиот мозок. Еве неколку лесни начини за да го постогнете истото, а воедно и да се забавувате.
Голем број на стручни лица велат дека првата година од животот на детето е клучна кога станува збор за учењето. Постојат многу начини кои ќе го поттикнат развојот на вашето дете, еве некои од нив:
Стимулирајте го видот на вашето бебе
1. Направете контакт со очите
Искористете ги драгоцените моменти кога вашето бебе е со отворени очиња. Гледајте право во него. Бебето многу рано може да почне да разликува и препознава лица, вашето секако е најважно. Секој пат кога вашето бебе гледа со големо внимание директно во вас, да знаете дека тоа ја гради меморијата.
2. Исплазете го јазикот
Истражувањата покажуваат дека бебето старо само два дена може да имитира фасцијални движења. Ова е одличен знак, доколку приметите дека вашето бебе ги повторува вашите движења.
3. Покажете му на вашето бебе огледало
Пуштете го вашето бебе да се гледа во огледало. Најпрво ќе мисли дека гледа во друго бебе, и она што ќе го види ќе му се допадне бидејќи кога тоа ќе почне да прета со рачињата и ноџиња или кога ќе се насмее, од другата страна ќе го види истото.
4. Направете разлика
Земете две различни фотографии кои ќе ги ставите пред погледот на вашето бебе, на одалеченост од 20-30 сантиметри. Тие би требало да имаат голема сличност односно да имаат детал по кој ќе се разликуваат. На пример, на едната фотографија да се наоѓа дрво а на другата не. Бебето оваа разлика би можело да ја примети. Оваа вежба ќе му помогне во иднина многу полесно да препознава букви и полесно да чита.
5. Поттикнете го говорот кај вашето бебе
Додека зборувате, направете кратка пауза со цел вашето бебе да може да ве дополни. На самиот почеток ќе мислите дека само бледо ве гледа, но со тек на време ќе видите дека вашето бебе ќе фати ритам и со гугуткање постојано ќе ве дополнува.
6. Пејте
9. Правете смешни гримаси
Надујте ги образите и побарајте од вашето бебе да ги боцне и да ги издиши или нека ве повлече за уво а вие исплезете го јазикот. Направете смешни звуци кога ќе ве допре по глава. Правете ја оваа рутина 3 или 4 пати и потоа променете ги правилата со цел на вашето бебе да му е позабавно.
10. Раскажувајте му на вашето бебе
Кога одите да шетате некаде, постојано покажувајте му и зборувајте му. На пример, ова е куќа, ова е дрво, слушни како прави птицата..
11. Пазарувајте со вашето бебе
Одете во продавница со вашето бебе. Нова средина, нови луѓе е одлична можност за истражување.
12. Броите со вашето бебе
Кога се движите и се качувате по скали, постојано бројте ги скалите. Броите колку бонбони има во кесичката со бонбони или што и да е што можете да броите. Многу полесно вашето бебе ќе може да ги запомни бројките.
13. Читајте му книга
Од почеток и пак од почеток. Научниците потврдија дека бебето со само 8 месеци може да научи и препознае зборови доколку му прочитате два или три пати по ред една иста приказна. Така многу полесно ќе прозбори.
14. Зборувајте му
Приказни може да раскажувате пред спиење или секогаш кога немате друга идеја што друго да правите . За да ја биде приказната поинтересна за вашето бебе, секогаш главниот лик заменете го со името на вашето бебе.
15. Направете фамилијарен албум
Направете албум со фамилијарни фотографии кои често ќе ги разгледувате со вашето бебе. Постојано покажувајте му кој и што му е. На пример ова е баба, ова е тета, ова стрина и слично. На тој начин многу полесно ќе ги совлада роднините не само по нивното име туку и по тоа како е поставено фамилијарното стебло.
16. Направете ЗОО албум
Залепете слики од различни животни. Постојано разгледувајте ги заедно и покажувајте му кое како се вика и каков звук испушта . Дури и може да смислите приказна за нив, така ќе му помогнете на вашето дете полесно да ги запамти.