ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  20 работи кои се менуваат кога имате бебе
    20 работи кои се менуваат кога имате бебе

    20 работи кои се менуваат кога имате бебе

    Што се менува кога ќе добиете бебе

    Секој ќе Ве предупреди дека кога ќе добиете бебе Вашиот живот ќе се промени. Нормално, ќе имате помалку пари и сон, но и многу повеќе одговорности.

    Но постојат и многу промени која со доаѓање на бебето ќе го збогатат Вашиот живот:

    •   Можете да откриете внатрешна сила за која никогаш не сте знаеле дека ја имате.
    •   Прифаќате дека последните 7 килограми од бременоста кои не можете да ги симнете апсолутно се исплатат.
    •   Веќе не Ви треба часовник – бебето сега поставува свој дневен распоред.
    •   Ќе ги цените и сакате Вашите родители на еден нов начин.
    •   Секоја болка на бебето ја чувствувате многу повеќе отколку својата.
    •   Не Ви смета тоа што во кревет одите во 21 часот во петок вечер.
    •   Вашето срце може многу полесно да се скрши.
    •   Откривате колку многу има да се каже за еден мало детско забче.
    •   Го гледате своето дете во огледало наместо себе.
    •   Веќе не Ви прават мачнини телесните функции на бебето – туку сте фасцинирани од нив.
    •   Веќе не Ви се чинат толку големи работите кои сте ги направиле како би можеле да дојдете до бебе.
    •   Конечно го цените своето тело.
    •   Сфаќате дека јорганот на бебето има волшебна моќ.
    •   Можете да им упатите на родителите со бебе кое вреска “го знам тоа чувство“ поглед, наместо “зар не можете да го смирите?“.
    •   Направете време за уште едно детско гушкање или бакнеж, дури и ако тоа значи дека ќе задоцните.
    •   Сфаќате дека е можно да сакате целосен странец.
    •   Дознавате дека капењето е луксуз, а одењето во фризерки салон уште поголем.
    •   Конечно успевате да разговарате со срамежливиот сосед од својата улица, затоа што имате дете во Вашите раце.
    •   Сфаќате дека многу работи се бесмислени, а Ви изгледаа така важни.
    •   Секој ден е изненадување.