
25 Работи кои младите мајки треба да ги знаат
25 Работи кои младите мајки треба да ги знаат.
Младите мајки често добиваат повеќе совети од тоа што можат да го спроведат на дело. Меѓутоа, меѓу нив има важни лекции во животот за мајчинството поради кои не е на одмет да застанете и одлучите да ги послушате советите и да пробате нешто ново.
Еве неколку совети:
1. Кога ќе ви се понудат да го чуваат вашето бебе за да одморите, без размислување, прифатите. Исто така, не го започнувајте извршувањето на нови задачи доколку претходно не сте ги завршиле тие што сте ги почнале.
2. Смирете се. Плачот на вашето бебе е неизоставен дел од животот на новороденчето.
3. Вашето бебе никогаш нема да биде мирно, затоа излегувајте од домот што почесто. Гледајте филмови, јадете во ресторан и планирајте ги своите обврски заедно со вашето бебе.
4. Купете квалитетен фото апарат затоа што овие денови брзо ќе ви поминат. Годините брзо поминуваат, а вие многу брзо ќе сфатите дека вашето бебе пораснало, па ќе жалите зошто немате спомени од овие денови.
5. Не заборавајте дека треба и вие да сте дел од фотографиите. Најчесто, мајките се позади апаратот. После неколку години, листајќи по вашиот фото-албум, ќе приметите дека имате многу мал број на фотографии во кои вие сте млади и среќни мајки.
6. Испечатете ги вашите фотографии и чувајте ги како најдрагоцена работа
7. Направете видео од сите најубави моменти. Фотографиите се прекрасни спомени, но не постои поубава работа од симпатичното видео од првите чекорчиња, на пример.
8. Избегнувајте ги сајтовите како Pinterest, кои ви прикажуваат фотографии од совршени мајки кои одлично ги декорираат своите колачиња, домот им е совршено уреден, децата се совршено воспитани, тие се перфектно нашминкани. Ваквите фотографии можат да ви предизвикаат нелагодност и почнувате да си поставувате прашања, каква мајка сте вие?!
9. Набавете удобни панталони. И не жалете за парите.
10. Не се оптеретувајте со саати околу негата на вашето бебе. Пратете го својот инстинкт и советите од лекарот и се ќе биде во ред.
11. Не бидете строги према себе поради тоа како изгледате после породувањето. Вашето тело поминало низ значајни промени и потполно е нормално да ви треба време за да се вратите во првобитната форма.
12. Не барајте одговори за своето и бебешките медицински проблеми на Google, по ниедна цена
13. Не се оптеретувајте со читање на книги околу воспитување и нега на вашето бебе. Не постои конечен одговор на прашањето како ќе бидете совршена мајка, секако таква не постои. Вашата единствена грижа треба да биде како да бидете среќна мајка.
14. Можеби доењето е најдобар начин за прехрана на вашето бебе, но и адаптираното млеко е добро, доколку не сте во прилика да доите. Најважно е вашето дете да биде сито, здраво и насмеано.
15. Ќе има денови кога домот ќе ви биде во лоша состојба и денови кога нема да имате енергија и желба за чистење. Не грижете се, утре е нов ден.
16. Туширањето е од исклучителна важност. Не треба и не мора да трае долго, но ќе ви овозможи краток одмор.
17. Во моменти кога вашето бебе плаче, земете го во прегратка. Нема да го разгалите вашето бебе, тоа е само љубов и грижа.
18. Постородилната депресија не е измислица, но не е ни причина за грижа. Доколку сметате дека причина за вашето лошо расположение е постопородилната депресија, обратете се кај стручно лице.
19. Верувањето дека нема да можете за брзо време да забремените не е контрацепција. Ако во моментот не сте спремни за нова бременост, за тоа мислете на време и користете контрацепција.
20. Во ред е да не уживате во буквално секој момент од мајчинството.
21. Вашите садови не се исчистени. Понекогаш е подобро да седнете и да се одморите или пак да си играте со вашето бебе.
22. Понекогаш е сосема доволно да го оставите вашето бебе во своето креветче и да си завршите некоја од куќните обврски.
23. Не ги превземајте сите обврски врз себе. Доколку имате партнер, замолете го за помош
24. Прекршете го секое правило кое почнува со зборовите “”Моето дете никогаш нема”…и тоа, најверојатно, во правата година од неговиот живот.
25. Пробајте да уживате во овие моменти. Времето брзо тече, колку и да е овој момент тежок, поверувајте во тоа.