ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Uncategorized   >  Кои и што се Ki ET LA!?

    Кои и што се Ki ET LA!?

    Речиси 10 години, Ki ET LA замислува, дизајнира, произведува и дистрибуира очила за сонце за деца од 0 до 12 години. Експертизата која ја имаат стекната со текот на годините, тројца основачи имаа за цел да направат револуција на пазарот за детски очила за сонце. Оттогаш, брендот помина долг пат! Асортиманот на НЕКРШИЛНИ очила за деца до 6 години, потоа палетата за EXTRA FLEX SUN & SCREEN за деца од 6 до 12 години, палета на ултра шарени капи и облека против УВ! Со текот на годините, Ki ET LA стана експерт за сончева заштита за деца.

    ДИЗАЈНОТ НА СИТЕ КОЛЕКЦИИТЕ СЕ ИЗРАБОТУВАВО ПАРИЗ

    Сите колекции се замислени и дизајнирани од креативната Ана-Шарлот Легранд, ко-основач и директор за развој на продукти. Дипломирана на Ecole de Design de Nantes. Таа ги дизајнира и моделира колекциите во центарот на Париз.
    
    Таа има голема страст за работа во светот на децата. Секогаш е полна со нови идеи и претставува движечка сила на Ki ET LA во делот на иновации.  
    
    Колекциите го претставуваат светлиот зинги стил кој секогаш се одликува со паметен дизајн, добар изглед, практичност и удобност. Ki ET LA е насочена кон децата, но не ги заборава и нивните родители!
    
    Креативноста, дизајнот и иновативноста се главен адут во создавањето на Ki ET LA.

    Креатори на производи за деца чија цел е заштита на нивните очи и тело.

    Ki ET LA дизајнира колекции ЕКСКЛУЗИВНО за деца скоро 10 години. Следејќи го успехот на моделот Diabola, очила за сонце со 2 големини, Ki ET LA се задржа на составуање очила кои се НЕКРШЛИВИ  очила за сонце за деца до 6-годишна возраст а потоа го создаде ULTRA FLEX очила за сонце за деца до 12 години.
    
    Ki ET LA продолжува да дизајнира уште позабавни и поудобни модели за деца.
    
    Секој ден, дизајнерскиот тим прво се инспирира од најдобрите модели за возрасни, а потоа ги ремоделира за деца. Ki ET LA го обликува овој уникатен савоар фер со упорност, динамика и внимание на сите деталите. Вистинска страст!
    
    Но, што всушност значи тоа? Ќе објасниме овде!

    ПРОИЗВОДСТВО

    Предизвик е да се натера детето да носи очила за сонце. Затоа Ki ET LA дизајнира ултра лесни очила за сонце кои обезбедуваат најдобра заштита од УВ светлина со ултра модерен дизајн, за да ги натера децата да сакаат да ги носат!
    
    За да се обезбеди непобедлива вредност за парите, развојот на производот се изведува според прецизни и многу тешки спецификации, овозможувајќи му на Ki ET LA да ги искористи сите најнови технологии кои се однесуваат на вбризгување, но и на усогласеност со производот.
    
    Изборот на материјали се исто така суштински важни во развојот на колекциите. Очилата за деца од 0 до 4 години се направени од ултрафлексибилен материјал (TPEE) кој осигурува дека рамките се НЕКРШЛИВИ. Моделите за деца над 4 години се дизајнирани компјутерски со цел да се осигураме дека рамките се ултра лесни, флексибилни и лесни за носење. Нивните шарки EXTRA FLEX им овозможуваат на децата целосна слобода на движење.
    
    Од фазата на дизајнирање, до моделирање, но и до производство, сè е јасно обмислено, проверено и контролирано.

    ПРВ ЧЕКОР ЗА ПРОИЗВОДСТВО ВО ПАРИЗ

    Ki ET LA веќе неколку години сонуваше да премести дел од своето производство во Франција.
    
    Потребен беше состанок во 2018 година за работите да дојдат на свое место од страна на основачите. Токму во долината Ојонакс, лулката на француските спекталкли, Ki ET LA успеа да најде сигурен партнер. Покрај иновацијата Made in France, која е голем чекор за Ki ET LA,  дизајнерска е и техничка иновација: пар нераскинливи очила во облик на младенче мечка, вбризгувани во едно парче. Нешто што досега не е видено.
    
    Така, тоа беше првиот чекор кон Made in France што го означи почетоко на долгата серија.

    ДИЗАЈН И ИНОВАЦИЈА, ВО СРЦЕТО НА СТРАТЕГИЈАТА

    Ki ET LA го става дизајнот и иновациите во срцето на својата стратегија. Овој напор е награден неколку пати:
    
    Откако веќе беше награден со модниот Јанус за шапката Капел, Ki ET LA беше награденa со здравствениот Јанус од Францускиот институт за дизајн во 2018 година за колекцијата на очила за сонце CraZyg-Zag за деца од 6 до 12 години.
    
    Diabolas го доби трофејот за стратешки дизајн од школата за дизајн на Нант Атлантик, за дизајнот на неговите приспособливи нераскинливи очила за сонце за бебиња.
    
    Исто така, има добиено три Топ награди доделени од родители кои ги тестираа производите преку онлајн-страницата за прегледување ConsoBaby. Очилата за сонце Diabola, капата Капел и маичката анти-УВ поп добија врвни оценки од родителите, секоја од нив во својата категориите „Бебешки очила за сонце“ и „Анти-УВ заштита“.
    
    Очилата OurS'on Made in France беа номинирани за Silmo d'or 2019 во категоријата „Деца“.