• Нема производи во кошничката.
a
  >  Трудници   >  28-ма недела од бременоста
28-ма недела од бременоста

28-ма недела од бременоста

28-ма недела од бременоста

Бебе: Во оваа недела бебето добива на тежина и се подобрува тонусот на мускулите. Тешко е околи 1000 грама (како брокула), а долго околу 37cm. Бебето сега може да трепка. Трепките се целосно пораснати и спрени да ги штитат бебените очиња. Исто така бебето препознава светлина (се приметува светлината која поминува низ матката). Централниот нервен систем е доволно развиен да може да реагира на телесна температура.
Мама: Почнува третиот семестар-период во кој ве очекуваат непријатности, како што се грчеви во нозете, проширени вени, отоци, лошо варење на храна, замор….во овој период многу е веројатно дека ќе добиете околу 5 кг, од кои 3 до 3,5 кг ќе биде вашето бебе. Потребата за внес на течности се повеќе ќе се зголемува.
Вагинален секрет овој период исто така ќе биде зголемен. Како помош може да ви послужат памучен долен веш и улошки. Обратете се на лекар доколку се сомневате дека имате гливична инфекција.
Во долниот дел на нозете може да почувствувате непријатно пецкање и неодолив нагон да ги поместите додека сакате да се одморите или пак да спиете. Доколку ова чувство се губи додека се движите, можеби имате синдром на уморни нозе. Никој со сигурност не може да каже што ова предизвикува, но релативно често се појавува кај трудници. Пробајте да ги масирате и истегнете нозете, намалете го кофеинот кој може да ги зголеми симптомите. Можеби дополнителна конзумација на железо може да биде од помош.
Во овој период почесто ќе одите на пренатални преглдени. Во 28-мата недела се препорачува и тест за дијабетис, посебно доколку трудницата е постара од 30 години или пак се има развиено некој од фактор ризиците за шеќерна болеста во текот на бременоста (дебелина на пр.). Доколку е направен тест преку крв кој се прави во првото тримесејче и истото покажало дека сте Rh негативни, можеби ќе добиете инекција Rhogama (Rh имуноглобин) кој ќе спречи вашето тело да произведува антитела која може да ја нападне крвта на бебето. Ако бебето е Rh позитивна, по породувањето ќе примите една доза, а доколку е Rh негативно , како и вие-оваа инекција ќе ви биде потребна.
Што треба да правите?
• Внесете течност. Задоволете ја својата потреба и пијте многу течности со што би можеле да ја избегнете дехидрацијата која поттикнува опстипација.
• Одберете педијатар. Прашајте ги своите пријатели, колеги, комшии или својот гинеколог кој педијатар би ви го предложиле. Иако ви изгледа дека е прерано да размислувате, не заборавајте дека вашето бебе треба да ја има првтата посета на лекар веднаш по неговото раѓање.