
3 чекори до успех: Откриваат најуспешните луѓе на планетата
Основачите на најуспешните фирми во светот откриваат мали трикови кои им помогнале да бидат таму каде што се денес.
Како да станете успешен? Основачите на најуспешните фирми во светот откриваат мали трикови кои им помогнале да бидат таму каде што се денес.
Ова се некои од нив!
Читање – ако сакате да успеете, учете од оние на кои тоа веќе им тргнало од рака. Некои од најбогатите луѓе во светот како Бил Гејтс и Ворен Бафет и ден денес одвојуваат време за учење, читање на стручна литература и книги. Многу е практично да одвоите 15 минути дневно за читање на стручна литература.
Пешачење – времето на свеж воздух и рекреација поттикнуваат креативно размислување, што го докажаа и научниците од Универзитетот Стенфорд, а тоа го знаеше и основачот на компанијата “Apple” Стив Џобс кој практикуваше долги прошетки, па на истите ги покануваше и своите колеги и партнери.
Пешачењето ни помага проблемот да го согледаме од поинаков агол и да пронајдеме решение. Кога се движиме, го снабдуваме организмот со кислород, а ако тоа го правиме во текот на сончев ден, му осигуруваме и тоа како потребен витамин Д.
Медитација – медитацијата стана доста популарна помеѓу успешните луѓе па ја практикуваат и основачите на Твитер – Џек Дорси и Линкедин – Џеф Вејнер. Уште поинтересен е фактот дека медитираат додека се на работа.
Велат дека медитацијата им помага да се оттргнат од проблемите и да ја видат пошироката слика, што им помага побрзо и да ги решат проблемите.
Придобивките се гледаат веќе после само еден час од практикувањето на медитација на неделно ниво, што значи дека дневно ви треба само десет минути.
Исклучете се додека сте на работа само на десет минути и гледајте од ден на ден како ситуацијата се развива на подобро.