• Нема производи во кошничката.
a
  >  Актуелно   >  3 ефикасни начини за борба со горештините
3 ефикасни начини за борба со горештините

3 ефикасни начини за борба со горештините

Горештините се пред нас … За оние кои немаат климатизација во станот, нудиме неколку ефикасни начини за разладување

Добра хидратација

Прво и основно, бидете сигурни дека секогаш сте добро хидрирани (ова се однесува на сите членови на семејството! Пијте доволно течности, нудете го бебето со вода или разредени чаеви и избегнувајте засладени пијалоци и кафе (тие ја “извлекуваат” водата од телото)

Лесна облека

Облечете го детето во лесна облека од тенок материјал и ноќе покријте му го стомачето – нозете можат да останат непокриени.

Клима уред во домашни услови

Оладете ги просториите со поставување на обичен вентилатор на едниот крај од просторијата и позиционирање на чинија со мраз пред него – на овој начин ќе го изладите воздухот, само треба да бидете сигурни дека тоа е насочено кон ѕидот, а не кон луѓето.