3 IT вистини и 3 IT совети
Во продлжение ви нудиме корисни совети за сите родители кои се соочуваат со проблеми на денешницата!
Добриот родител, меѓудругото, му помага на детето да ги оствари своите потенцијали, да ги надмине предизвиците, да развие самодоверба и самопочитување, а воедно и да ги штити од реални и потенцијални опасности. Иако овие задачи се заеднички на сите родители од сите генерации, денешните мора да се носат со предизвиците кои ги донесоа новите технологии.
За денешните деца друштвеното вмрежување е исто што некогаш беше лулање пред зграда за нивните родители, обична секојдневна забава во која се впуштаат несвесно во потенцијални ризици и опасности. Запознајте ги причините и прочитајте ги советите на IT стручните лица и ќе имате помала главоболка и грижа.
ВИСТИНА: Не постои апсолутна контрола
Ни програмите за “родителска контрола”, нити пак софтверот за филтрирање на содржина нне се гаранција дека детето нема да пристапи до забранети сајтови и друштвени мрежи. Без разлика на вашите напори детето секогаш, ако тоа го сака, ќе најде начин да го види она што го сака. Ако не успее дома од кокмпјутер, тоа ќе го направи на мобилниот телефон, својот или туѓиот или од таблетот на другарот, бидејќи интеренетот денес е скоро секаде достапен.
СОВЕТ: Не се откажувајте од програмот за контрола, но интензивирајте го разговорот со децата. Искоритете ја секоја прилика и секој повод од медиумите да им објасните зошто треба да ве слуѓаат кога зборувате за опасносите и ризиците.
ВИСТИНА: Забраната не е делотворна
Нема да го решите проблемот со тоа што ќе забраните на детето да направи Facebook или Instagram профил. Ако детето се реши, тоа може да го направи со својот мобилен телефон по лажно име за кое никогаш нема да дознаете. За неприкладна комуникација, ширење и превземање на содржина која ја сметате за непримерна, секогаш може да користите и туѓ профил надвор од домот.
СОВЕТ: Најлошо е да се живее во светот на лагата! Дозволете му на детето да направи профил на друштвените мрежо, но пред тоа запознајте го со правилата на користење и нагласете дека вие ќе му бидете еден од првите “пријатели”. Секако, тоа не значи дека ќе треба да го шпиунирате, за автооцензура и одговорно однесување е доволно што знае дека вам ви се достапи сите негови статуси.
ВИСТИНА: Ништо не може да се избрише
Се што е некогаш напишано или пак поставено на друштвените мрежи таму и ќе остане засекогаш. Можеби нема да можете веднаш да најдете некоја стара фотографија, пост или пак статус кој ве мачи, но тоа не значи дека некој веќе не направил копија, го има сочувано или пак веќе го проследил истото…Затоа објаснете му на детето дека сите содржини кои некогаш се споделени со другите во виртуелниот свет, сега потполно се вон контрола.
СОВЕТ: Разговарајте со децата со штоа што ќе сфатат дека он што го објавиле на интернет е достапно на сите, а не само на оние до кои е упатено и дека ќе избегнат многу невољи, доколку одговорно се однесуваат. Притоа, секогаш нагласувајте им дека никогаш и нигде не треба да објавуваат податоци за себе, своето семејство, навиките, каде се движат, школото, другарите…бидејќи виртуелниот свет е полн со предатори, баш како и реалниот.