• Нема производи во кошничката.
a
  >  Трудници   >  3 најчести прашања на една загрижена трудница
3 најчести прашања на една загрижена трудница

3 најчести прашања на една загрижена трудница

3 најчести прашања на една загрижена трудница.

Која е најдобрата положба во текот на бременоста?
Можеби до сега сте случнале дека не би требало да спиете на грб, посебно доколку сеуште не сте влегле во второто тримесечје, а причина за тоа е инфериорната вена-голема вена која ја враќа крвта од долниот дел на телото до срцето и која е одговорна за крвта во органите под дијафрагмата. Доколку во второто тромесечје спиете на гр, може да се случи оваа вена да биде под притисок на матката, а симптомите можат да бидат проследени со потење, мачнина, вртоглавица, а исто така може да се случи да се намали крвниот проток до вашето бебе.
Многу доктори од таа причина препорачуваат спиење на левата страна, бидејќи протокот на крв така е најдобар.

Можам ли да земам нешто за мојот затнат нос?
За жал, докторите најчесто не препорачуваат користење на капки за нос додека сте бремени, бидејќи кај трудниците создава дополнителни проблеми, бидејќи високото ниво на естроген може да предизвика носната мембрана да набубри. Оваа ситуација се вика труднички ринитис и многу идни мајки поради тоа отежнато дишат, посебно додека лежат.

Дали е дозволено да се земаат лекови за спиење?
Освен доколку вашиот лекар го има препорачано, би требало да избегнувате средства за спиење, па дури и оние на природна база. Намето тоа, пробајте да промените некои од навиките при спиење. Припремете си топла бања пред да отидете во кревет и избегнувајте користење на електрични уреди, како мобилен уред непосредно пред спиењето. Нивната светлост може да ви смета на природното произведување на мелатонин.