ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  3 пати ДА за мрежасти гаќички
    3 пати ДА за мрежасти гаќички

    3 пати ДА за мрежасти гаќички

    3 пати ДА за мрежасти гаќички

    Сите оние кои имаат барем едно дете знаат колку е мачен пост породилниот период посебно, немањето на мрежасти гаќички дополнително ви го комплицира секојдневието. Благодарение на носење на мрежасти гаќички, нема да имате проблем да ја задржите улошката на свое место, слободно да се движите или пак да лежите.

    Некогаш гинеколозите и бабиците не дозволувале носење на мрежасти гаќички но денес се е поинаку. Тие се прва препорака после самиот пораѓај.

    gakjicki

    Независно дали сте се породиле природно или пак со царски рез, секако ќе крварите неколку недели. Количината на крварење ќе биде најсилна во првите неколку дена, а постоа постепено ќе се намалува, а вие во цел тој период ќе треба да водите евиденција за хигиената кај вагиналната регија да биде чиста и сува и секако да и овозможите да “дише” со цел да спречите инфекција.

    Најголемата препорака, зошто треба да се користат улошките со мрежичка е зошто се изработени од сто посто памук, додека класичните улошки се најчесто од полиестер и еластин.

    Мрежестите гаќички не се замена за веш, туку потпора за улошката, со цел да можете послободно да лежите, седите и одите. Дупките овозможуваат кожата да дише, исто како и памучните улошки, а благодарение на еластинот може да се шири или пак собира, што е неверојатно важно во посебно за оние жени каде пораѓајот е извршен со епизотомија или царски рез. Со цел мајката да може да се фокусира на своето закрепнување, грижата за детето и доењето со употреба на ваквите мрежасти гаќички ќе ги намалите вашите грижи.

    Еластичните мрежасти гаќички се креирани за еднократна употреба, но дури и тие може да преживеат неколку пати перење во машина и тоа на 60 степени.