ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Здрава исхрана   >  3 превкусни оброци од цреши за вашите малечки
    3 превкусни оброци од цреши за вашите малечки

    3 превкусни оброци од цреши за вашите малечки

    3 превкусни оброци од цреши за вашите малечки

    Освен што црешите се богати со калциум и се превкусни, јаката боја дополнително ќе го привлече нивното внимание.

    Пире од цреши

    – 200 грама исчистени цреши

    – 1 шоља вода

    Ставете ја водата во тенџере и додадете ги црешите, оставете ги да се варат. После 20 минути или кога црешите ќе станат меки, тргнете го тенџерете од оган и оставате да се оладат. Целата смеса изблендирајте ја.

    Овесна каша од цреши

    – 1 ½ шоља сварени овесни снегулки

    – 1 ¼ шоља пире од цреши

    Измешајте ги овесните снегулки и пирете од цреши заедно. Мешајте ги и блендирајте се додека не ја добиете посакуваната густина.

    Каша со цреши и сирење

    – ½ шоља исчистени цреши

    – 1 шоља младо сирење

    Во стаклен сад ставете цреши, потоа загрејте ги во микро на околу 30 секунди или на шпорет. Изблендирајте ги се додека не станат сочни. Ставете ја смесата врз сирењето и сервирајте. Доколку е потребно, истискајте го сирењето за да биде полесно за јадење.

    Совет: Според мислењата на педијатрите, не би требало да се воведе во исхраната на вашето бебе пред осмиот месец.