ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  3 природни техники кои ќе ви помогнат да забремените
    3 природни техники кои ќе ви помогнат да забремените

    3 природни техники кои ќе ви помогнат да забремените

    Лечење на стерилитет: 3 природни техники кои ќе ви помогнат да забремените

    Техниките го намалуваат стресот, напнатоста, а хормоните се доведуваат во рамнотежа.

    Акупунктура, хомеопатија и реики можат да го забрзаат процесот на лечење на стерилитет.

    Тим од стручни лица од Израел, Универзитет од Тел Авив споредувал успешност во третмани за лечење на стерилитет кај парови каде се користела класична медицинска метода и кај оние кои биле комбинација на кинеска билна и акупунктура. Резултатот бил следниот: Со помош на акупунктура забремениле 65 проценти од жените.

    Акупунктура

    Акупунктурата дава големи резултати во лечење со функционалниот стерилитет, кога се работи за здрави репродуктивни а постои хормонски дисбаланс.

    Боцкањето на иглите се активира енергетски и се воспоставува рамнотежа на јинг и јанг. Тоа влијае на намалување на напнатоста и стресот, ја подобрува циркулацијата како и имунолошкиот систем. Со помош на акупунктура се постигнува правилен одговор на јаниците, кои предизвикуваат овулација и исфрлаат јајце клетки, што е првиот предуслов за оплодување. Акупунктурата делува и на хормоните и на психата, па се препорачува и кај физички стерилитет бидејќи ја зголемува сигурноста за вештачко оплодување.

    Хомеопатија

    Хомеопатијата исто така е многу моќен метод за лечење на стерилитет. Најновите научни студии покажале дека кај жени кои користеле хомеопатски третман во 57% од случаевите плодноста се има подобрено, додека кај машките бројот на сперматозоиди е зголемен за 65%.

    Постојат хомеопатски лекови кои имаат посебен афинитет кон репродуктивниот систем кај мажите и жените, но тоа не значи дека тие лекови секогаш се користат во сите случаи. Хомеопатијата е холистичка медицина поради која хомеопатскиот лек се бира исклучително да одговара на одредена особа. Третирањето на плодноста кај различни особи се користат различни лекови.

    Реики

    Реики има помогнато на многу жени да забременат. Оваа техника се базира на балансирање на животната енергија. Во текот на реики третманот се оптимизира лачење на хормони и се доведува до ситуација на опуштеност и безгрижност, што е еден од предусловите за можност за забременување. Реики делува на чакрите кои претставуваат енергетски центри, сместени на човечкото тело на ниво на жлезда со внатрешно лачење.

    Постојат 7 главни чакри, како и 7 главни жлезди кои се задолжени за правење на хормони и нивна регулација. Исклучок прави првата чакра која кај машките се наоѓа помеѓу тестисите и анусот, а кај жените на ниво на грлото на матката и за нив одговорна е надбубрежната жлезда. На сите останати жлезди можеме да им пристапиме со дланки на тој начин што директно влијаеме на воспоставување на нормалниот метаболизам на хормоните.