ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  34 недела од Вашата бременост
    34 недела од Вашата бременост

    34 недела од Вашата бременост

    Вашата бременост

    Можеби почесто ќе се чувствувате уморни и при најмала активност и ќе чувствувате тежина во нозете, особено ако е топло. Контролирајте го внесот на сол до максимум. Можно е понатамошно интензивирање на подготвителните контракции – обично не се болни и не се повторуваат ритмички. 

    Развој на бебето

    Бебето сега тежи околу 2.200 g и долго е  околу 46 cm.

    Белите дробови на бебето полека зреат. Постелката сега е околу 1/6 од тежината на фетусот. Во случај на близнаци, тие најверојатно ќе останат во позиција во која се наоѓаат, се додека не излезат – сега немаат место за движење. Кај половина од близначка бременост, до породување доаѓа помеѓу 34-тата и 37-тата недела од бременоста. 

    Забелешка: секое дете се развива индивидуално во стомакот на мајката.

    Совет за оваа недела

    Не заборавајте да го контролирате притисокот често! И колку сте добиле на килажа досега? Бидете сигурни дека имате се што ви требаат за првите недели: дали е се испрано и испеглано, дали купивте пелени … Дали сте ги купиле сите работи од болничката листа? Не треба да ја спакувате торбата, туку да подготвите сè. Не заборавајте да го упатите сопругот што ќе донесе за бебето, кога ќе го напуштите одделението за породилно отсуство. Треба да биде облеката што ја носите за време на бременоста, бидејќи тоа сепак ќе ви биде најудобно.