
4 причини поради кои треба да се фрлите во море
4 причини поради кои треба да се фрлите во море
1. Го засилува имунолошкиот систем
Морската вода е преполна со витамини, сол, аминокиселини т.е микроорганизми кои делуваат како природен антибиотик, тоа помага на вашето тело во борбата против штетни бактерии. Пливањето ќе ги рашири порите на кожата, со што ќе забрза исфрлањето на токсини во телото.
2. Ја зголемува циркулацијата во телото
Пливањето многу допридонесува во квалитетот и работата на васкуларниот систем, а топлата морска вода, може квалитетно да ги надомести минералите изгубени со стресот, лошата прехрана и загадувањето на воздухот.
3. Го урамнотежува организмот
Во текот на пливањето во море, вашиот организам ги намалува симптомите на болести како астма, артритис, бронхитис и секакви воспаленија. Водата е богата со магнезиум и ги опушта мускулите, делува позитивно на квалитетниот сон, што допридонесува на менталната стабилност и доброто расположение.
4. Помага при болести на кожата
Веќе споменатиот магнезиум во морската вода помага за хидрација и квалитетот на вашата кожа. Исто така позитивно влијае на црвенила и рапави делови, па луѓето кои патат од дерматолошки проблеми, задолжително треба да го поминат времето на море, секако колку што им дозволува работата и времето.