
4 особини кои се наследуваат од мајката
Прочитајте за што се работи и дали може да го примените на сопствен пример.
Научно е докажано дека има некои особини кои децата ги наследуваат од своите мајки, додека пак за татковците не е докажано слично влијание, а се однесуваат на изгледот и однесувањето.
Интелигенција
Шансите дека сте ја наследиле мајчината интелигенција се многу поголеми отколку дека сте ја наследиле татковата.
Во истражувањето спроведено во Глазгов, во кое учествувале 12.000 млади луѓе на возраст од 14 до 22 години, повеќето испитаници имале исти или максимално 15 поени поголем или помал коефициент на интелигенција од своите мајки.
Навиката за спиење
Ако имате проблеми со спиењето, можна причина за тоа може да биде Вашата мајка. Во стручниот дневник “Медицина на спиење 2017” беше спроведено истражување кое открива дека мајките често ги пренесуваат своите навики за спиење на своите деца, така што децата на жените кои страдаат од несоница најчесто спијат помалку од другите деца. Научниците не забележале такви наследни особини од татковците.
Младоликост
Ако Вашата мајка е младолика, тогаш сте прави среќници затоа што имате многу поголема шанса дека и Вие ќе изгледате така на нејзините години.
Научниците од германскиот биомедицински институт Макс Планк докажаа дека ДНК од митохондријата, кој го наследуваме директно од нашите мајки, може делумно да го контролира начинот на кој старееме.
Менопауза
Постои голема шанса дека ќе одите во менопауза приближно истовремено со Вашата мајка. Истражувањето спроведено во 2011 година во Британскиот институт за студии за рак, вклучувајќи повеќе од 2.000 жени, покажа дека предвремената или доцната менопауза, која се јавува пред 45 и по 55 години, може да се наследи.
Жените чии мајки поминале низ таква менопауза имаат шест пати поголема шанса дека тоа ќе им се случи и нив отколку жените чии мајки имале менопауза помеѓу 45 и 55 години.