4 совети кои ќе им помогнат на новите родители
Новите родители, колку и да се трудат да се спремат за доаѓањето на бебето, никогаш нема да бидат спремни за промената на секојдневието.
Дури кога за прв пат ќе го земете своето новороденче во рацете, ќе сфатите дека животот ви почнува од почеток. Повторно и повторно бебето ќе го краде вашето срце.
Сепак, новите родители, колку и да се трудат за да се спремат за доаѓањето на бебето, тие никогаш нема да бидат доволно спремни за вртоглавата промена на секојдневието.
За вас споделуваме 4 совети кои можат да им помогнат на новите родители.
1.Не потценувајте го значењето на говорот на телото на бебето
Плачењето не е единствениот начин на кој бебето пробува да комуницира со вас. Обратете внимание на говорот на телото на вашето бебе. Стиснатите рачиња можат да укажат дека вашето бебе е под стрес или дека е гладно Непрекинатото удирање со рацете на подлогата укажуваат на тоа дека бебето можеби сака да си игра.
2.Задолжително нахранете го бебето кога…
Генерално, бебињата мора да бидат нахранети од 8 до 12 пати на ден, значи на секои 2 до 3 часа. Но и покрај тоа немојте да го занемарувате знакот кој вашето дете ви го праќа кога е гладно, а тоа е цицање на рацете.
3.Музиката може да го смири и најнемирното бебе
Пуштањето на лабава музика на бебето пред спиење, може да му помогне да се опушти, смири и полесно да заспие.
4.Ставете го бебето во кревет додека сеуште е будно
Ако почнете да го заморувате бебето кое треба да оди на спиење како тоа подобро би заспало, сте направиле контраефект. Подобро ставете го во кревет додека е сеуште будно, но малку успиено. Тоа ќе биде добра рутина пред спиење и ќе резултира со способност на бебето самостојно да заспие.