ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  4 Совети за нега на сувата бебешка кожа
    4 Совети за нега на сувата бебешка кожа

    4 Совети за нега на сувата бебешка кожа

    Дознајте како да ја зачувате влажноста и мекоста на бебешката кожа и како да го спречите развојот на болести.

    Сувата кожа не е добар заштитник затоа што како таква е изложена на засилено дејство на микроорганизми.

    Затоа посебно внимание треба да посветиме на негата на бебешката кожа, а еве и неколку основни совети:

    1. Не претерувајте со бањање на бебето

    Не го бањајте бебето повеќе од два до три пати неделно. Температурата на водата е доста важна – не смее да биде врела, туку млака, а ако се плашите дека детето ќе се прелади, поливајте го често со млака вода преку рамењата. Избањатото дете веднаш замотајте го во спремен пешкир, добро исушете го и веднаш намачкајте го со лосион за тело кој ќе ја хидрира бебешката кожа.

    2. Редовно менувајте ги пелените

    Штом бебето ќе ги “наполни” пелените веднаш променете ги истите. Најдобро е да му го измиете газето со млака вода, а ако приликите не ви го дозволуваат тоа, можете да го избришете со мека хартија или со благи влажни марамици. Менувајте ја пелената на детето дури и ако е празна, затоа што колку и да се тестирани, пелените можат да ја иритираат нежната бебешка кожа.

    3. Внимателно со изборот на козметика за бебето

    Внимателно прочитајте го составот на козметичките производи наменети за деца. Тоа што на шампонот или на кремата пишува дека е безбедно за деца не значи дека ќе му годи и на вашето дете. Посебно избегнувајте мирисни производи, антибактериски или оние кои содржат средства кои го намалуваат потењето.

    4. Водете сметка за временските прилики

    Никако не го изложувајте детето помало од шест месеци на сонце. Постарите малечки мачкајте ги со најсилниот фактор и тоа минимум 30 минути пред излегувањето на сонце. Во зима задолжително намачкајте го детето со крема пред да го изнесете надвор. Исто така, водете грижа детето да внесува доволна количина на вода и во зима и лето.